ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Совет на амбасадори: Потребно е смирување на емоциите и државничко промислување за намалување на тензиите во македонско-бугарските односи

January 26, 2023 16:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Советот на амбасадори смета дека итно треба да се смират емоциите, да се промислува државнички и да се делува трезвено, бидејќи до решение може да се дојде само низ преговори помеѓу двете дипломатски служби, соопшти денеска Советот во врска со, како што оценува, растечките тензии во македонско-бугарските односи, кои ескалираат до посериозни размери по непосакуваните инциденти во Охрид, но и со серијата нетолерантни ставови на високи бугарски државници за перспективите на македонските евроинтеграциски процеси.

Нагласувајќи дека со големо внимание и загриженост ги следи овие случувања, Советот на амбасадори потенцира дека „алтернативи нема, освен засилен конфликт, чии димензии уште потешко ќе се контролираат, кој на крајот на краиштата и тогаш мора да заврши со преговори, како што завршувале сите големи конфликти низ историјата, само со далеку повисока цена“.

– Ние, членовите на овој Амбасадорски совет веруваме дека и во Бугарија има промислени луѓе кои разбираат дека ниедно вето или долготрајна блокада, особено ваква, при изработено и заслужено членство на нашата земја во ЕУ, не е ништо друго освен негативен удар и за нашите соседи, но и за целиот југоисточен регион на Европа! Единствено целосната македонска европска интеграција и непостоењето на било какви граници, вета и други бариери помеѓу двете земји ќе доведе до создавање атмосфера за надминување, решавање и премавнување на сите отворени македонско-бугарски прашања и предизвици, се наведува во соопштението на Советот.

Од таму оценуваат дека за македонската држава останува задачата да изнајде начин и да отвори можности, пред ЕУ да се претстават несоборливи аргументи дека сите бугарски условувања за побрз влез на земјава во оваа влијателна политичко-економска заедница се неосновани и надвор од европскиот дух, но и од духот на актуелната историска епоха.

– Европската интеграција беше создадена за да се овозможи амбиент за изградба на доверба помеѓу народите и државите, но како рамноправни членки на Европската Унија и со непречена соработка и комуникација помеѓу граѓаните, институциите и економиите. Советот на амбасадори потсетува на достоинствениот чин на Германија која пред повеќе децении изнајде политичка волја и сила да се извини за големите неправди и злосторства што во минатиот век му ги нанесе на човештвото. ЕУ тоа искуство може да го користи и низ дијалогот со земјите-членки во врска со македонската интеграција низ процесот на преговори, се потенцира во соопштението.

Советот смета и дека консензусот при одлучувањето во Унијата веќе претставува сериозна пречка за развојот на ЕУ и ја повикува сè поактивно да размислува одлучувањето за некои важни прашања, како што е и приемот на нови членки, да го направи поефикасно врз принципот, консензус минус еден или минус два.

– Тоа се решенија од интерес и за самата ЕУ, заклучува Советот на амбасадори.

Tags: македонско-бугарски односиСовет на амбасадори
Next Post

Немоќни на фронтот, Русите го истурија својот бес врз цивилите, ракетен терор низ цела Украина

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk