ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бројот на загинати во самоубиствениот напад во џамија во Пакистан се искачи речиси на 90

January 31, 2023 11:38
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на загинати во самоубиствениот бомбашки напад што се случи вчера наутро во во џамија во северозападен Пакистан, до денес се искачи на 88 , соопштија официјални лица за Еуроњус.

Нападот на сунитска џамија во голем полициски објект беше еден од најсмртоносните напади врз пакистанските безбедносни сили во последниве години.

Повеќе од 300 верници се молеле во џамијата во градот Пешавар, кога бомбашот го активирал елекот со експлозив.

Експлозијата одекнала низ џамијата, при што загинале и беа повредени голем број луѓе, а исто така е разнесен  и дел од покривот.

Тоа што останало од покривот потоа паднало, повредувајќи многу повеќе, според полициаецот Зафар Кан.

“Спасувачите мораа да ги отстранат куповите од остатоци за да стигнат до верниците кои сè уште беа заробени под урнатините. Повеќе тела беа извлечени од урнатините на џамијата во текот на ноќта и рано во вторникот, изјавил Мохамад Асим, портпарол на владината болница во Пешавар.

„Повеќето од нив беа полицајци“, рече Асим за жртвите.

Билал Фаизи, главниот службеник за спасување, рече дека спасувачките тимови сè уште работат во вторникот на местото на џамијата – лоцирана во полициски комплекс во зоната со висока безбедност во градот – бидејќи се верува дека повеќе луѓе се заробени внатре откако покривот паднал.

Тој рече дека во бомбардирањето биле ранети и повеќе од 150 луѓе. „Не беше јасно како бомбашот успеал да се лизне во комплексот заграден со ѕидови во зона со висока безбедност со други владини згради“.

Властите не утврдија кој стои зад бомбашкиот напад. Набргу по експлозијата во понеделникот, Сарбакаф Мохманд, командант на пакистанските талибанци, познат и како Техрик-е-Талибан Пакистан или ТТП, ја презеде одговорноста за нападот во објава на Твитер.

Но, неколку часа подоцна, портпаролот на ТТП, Мохамад Курасани, ја изема групата од бомбардирањето, велејќи дека не е нејзина политика да се гаѓаат џамии, семинарии и верски места, додавајќи дека оние кои учествуваат во таквите акти може да се соочат со казнени мерки според политиката на ТТП.

Во неговата изјава нема ништо за тоа зошто командант на ТТП ја презел одговорноста за бомбардирањето.

Извор: Еуроњус

А. В. / НоваТВ 

Tags: бомбашки нападЕуроњусПешавар
Next Post

Проф. Чаушевски: Државата енергетски е во кондициона способност

НАЈНОВО

Пад на каматите на кредитите, раст на каматите на депозитите во септември

November 3, 2025
Фото: МИА

Кривична постапка за организирање борби со кучиња во битолско

November 3, 2025

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk