ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Македонија повторно напредува според индексот за демократија

February 2, 2023 14:06
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Објавен е извештајот за Индекс за демократија во 2022 година, според кој Северна Македонија повторно е едно место погоре. Од изборите во 2016 година до денес, индексот е покачен од 5.23 на 6.10, што е покачување за речиси цел поен во однос на 2016 година.

Во извештајот на Економист се наведува дека земјава, заедно со Молдавија и Црна Гора го консолидира напредокот истакнат минатата година, а се наведува дека напредокот на Северна Македонија се должи пред се поради напредокот во граѓанските слободи.

Овогодинешниот резултат од 6,1 е напредок од речиси цел поен во споредба со 2016 година, пред промената на власта, кога резултатот кој земјава го доби беше 5.23 и беше оценета како хибриден режим.

Минатата година Северна Македонија конечно беше ослободена од описот „хибриден режим“ и влезе во категоријата „демократии со недостатоци“, каде што оваа година покрај нас таму се наоѓаат уште 16 држави членки на ЕУ, како и Соединетите Американски Држави.

Според овој извештај,  просечниот резултат на глобалниот индекс минатата година стагнирал.

„И покрај очекувањата за враќање по укинувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата, резултатот беше речиси непроменет, на 5,29 (на скала од 0-10), во споредба со 5,28 во 2021 година. Позитивниот ефект на враќањето на индивидуалните слободи беше откажано од негативните случувања на глобално ниво. Резултатите на повеќе од половина од земјите измерени со индексот или стагнираа или опаднаа. Западна Европа беше позитивен исклучок, бидејќи беше единствениот регион чиј резултат се врати на нивоата пред пандемијата“, пишува во извештајот.

Покрај објаснувањето за промените во глобалното рангирање и длабинскиот регионален преглед, последното издание на извештајот за демократскиот индекс на EIU истражува зошто демократијата не успеа во Русија, како тоа доведе до актуелната војна и зошто демократијата во Украина е поврзана со нејзината борба за суверенитет.

Индексот за демократија на EIU дава слика за состојбата на демократијата во 165 независни држави и две територии.

 

 

Tags: EIUИндекс за демократија
Next Post

Анкета: Мнозинството Финци се против да се чека Шведска за влез во НАТО

Shortcut

Најново

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 25, 2026

Емоционалноста како сила: Дороти Пачкова во „Развојна академија“ отвора разговор за ранливоста, зрелоста и автентичноста

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk