ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

САД и Велика Британија воведуваат санкции поради корупција против поранешни државни службеници и правни лица од Бугарија

February 10, 2023 18:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

САД, во координација со Велика Британија, објавија дека преземаат дејствија за спротивставување на системската корупција во Бугарија со воведување санкции против петмина поранешни државни службеници и пет правни лица од Бугарија за коруптивни дејствија што довеле до незаконски лични придобивки, поткопување на демократските институции во земјата и зголемување на нејзината штетна зависност од руските енергетски извори, се наведува во пишаната изјава на државниот секретар Ентони Блинкен, објавено од Американската амбасада во Софија.

Румен Овчаров, поранешен бугарски пратеник и министер одговорен за енергетика; Александар Христов Николов, поранешен извршен директор и заменик директор на Нуклеарната централа Козлодуј (КНПП); и Иван Генов, поранешен извршен директор на КНПП и поранешен пратеник се посочени за серија недозволени зделки и размена на мито поврзани со енергетски договори со кои од Владата и народот на Бугарија се одземени стотици милиони долари, се наведува во соопштението. Во него, понатаму се вели дека Николај Малинов, поранешен пратеник и лидер на Националното движење на Русофилите и претседател на политичката партија Русофили за преродба на татковината, е посочен за поткуп на судија за да му дозволи да патува во Русија, иако бил обвинет за шпионажа во име од интереси поддржани од Русија и бил со забрана за патување, пренесува МИА.

Потоа, Владислав Горанов, поранешен пратеник и поранешен министер за финансии, посочен за користење на својата позиција за олеснување на поткуп во замена за поволно законодавство, лишувајќи ја владата од даночни приходи;

Интер Трејд 2021 ЕООД, МС Консулт 2016 ЕООД, Националното движење на русофилите и Русофилите за преродба на татковината, се посочени дека се во сопственост или контролирани од Малинов; Трилема Консалтинг ДООЕЛ ЕООД е посочена дека е во сопственост или контролиран од Горанов, се вели во соопштението на Американската амбасада.

Стејт департментот, исто така, наметна визни рестрикции за Овчаров, Николов и Горанов за вмешаност во значителна корупција. Како резултат на овие дејствија, тие поединци и членовите на нивното потесно семејство генерално не се подобни за влез во САД.

Велика Британијао, исто така, посочи тројца корумпирани актери во Бугарија за сериозна корупција и злоупотреба на средствата на јавните институции: Васил Крумов Бојков, истакнат бугарски бизнисмен и олигарх; Делијан Славчев Пеевски, олигарх и поранешен пратеник; и Илко Димитров Жељазков, поранешен заменик-началник на бугарската државна агенција за технички операции.

Овие координирани дејства ја поддржуваат американската стратегија за борба против корупцијата и ја демонстрираат посветеноста на САД и Велика Британија да промовираат одговорност за корупцијата и да и помогнат на Бугарија, сојузник во НАТО, да воспостави критични реформи за владеење на правото.

Next Post

Алтернатива во недела ќе одлучува дали ќе партиципира во Владата

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk