Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, се обрати преку видео обраќање по истекот на 48 часовниот рок кој им го даде на Алтернатива и Беса за прифаќање на неговата понуда за коалиција.
Села извести дека добил писмена согласност од претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, со која потврди дека веќе влегле и во коалиција, но, сè уште нема одговор од претседателот на Беса, Билал Касами. На него Села му даде уште 12 часа рок да се изјасни за јавната понуда во која беше одредеба и распределбата на позициите во листите за пратеници.
А. З.