ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Граѓаните реагираат на сеча на дрвја во центарот на Куманово

Граѓаните ги информираа медиумите, укажувајќи дека во градот нема доволно зеленило со кое се прочистува воздухот

October 5, 2019 10:41
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Жителите на Куманово на социјалните мрежи споделувајќи слики и снимки реагираа на сеча на дрвја, на две липи во централното градско подрачје. Од општината денеска, изјавија дека дрвјата се исечени бидејќи се проширува улицата поради проширување на автобуски постојки на улицата „Гоце Делчев“.

Граѓаните ги информираа медиумите, укажувајќи дека во градот нема доволно зеленило со кое се прочистува возухот, особено на таа улица во централното градско подрачје, а долголетните дрвја создаваа и сенка во летните месеци.

– Оваа сеча е поради проширување на улицата, односно ќе се гради автобуска постојка, што значи дека просторот за пешаци и велосипедисти ќе се намали или ќе го снема како и дрвата, на сметка на автомобилскиот сообраќај, напишаа граѓаните во информацијата доставена до медиумите.

Градоначалникот Максим Димитриевски, вели дека на оваа улица ќе се прошири автобуската постојка, бидејќи сегашното застанување на автобусите од градскиот превоз предизвикува сообраќаен метеж токму во овој централен дел од градот. Тој најави дека ќе бидат засадени нови дрвја и на оваа и на други  локации, што е дел од акцискиот план за намалување на аерозагадувањето.

–  Во рамки на подготвка на проектот  за изработка на две нови постојки на улицата „Гоце Делчев“, неминовно беше да се отстранат дрвјата. Општината презема обврска да насади нови квалитетни листопадни садници и на местото на исечените дрвја и долж улицата и ќе ги реобнови склонопадните дрвја, изјави Димитриевски.

За идната година, во рамки на долгорочниот план, спорд градоначалникот, пет проценти од вкупниот буџет на капитални инвестици ќе бидет инвестирани за озеленување на градот, со висококвалитетни садници на повеќе локации, проект кој ќе се реализира со ЈП „Чистота и Зеленило“ . Претходно, потсети Димитриевски, општината заедно со АРМ и училиштата насади садници и формираше зелен појас во населбата „Гоце Делчев“ а акции за озеленување имаше и на други локации во Куманово.

Извор: МИА

Next Post

Најмалку 72 загинати на протестите во Ирак

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk