Претеникот на ВМРО-ДПМНЕ и обвинет за злоупотреба на службената положба во случајот „Дизајн“ за набавка на кинески автобуси со кои го оштетиле Буџетот за 5 милиони евра, Игор Јанушев вчера упати закани во Собранието: „Талат или било кој, ми ги спомене ли уште еднаш малолетните деца, нема добро да заврши“.
Директорот на ЈСП во време на Никола Груевски додаде дека ако првиот човек на Собранието ко се сомнева дека било кој користи дрога – слободно да ги заклучи вратите, да се повикаат служби, и цела Влада.
„Но донесете и дрегери, па да направиме тест и за дрога и за алкохол. И да не излеземе додека не ги добиеме резултатите“, истакна Јанушев.
„Доколку, со тоа што ми порача ако имам проблем со нечиј син да излезам надвор и да се видам, и ако мислеше на тоа да ги вркстиме нашите правни познавања – тогаш не надвор, еве нека одбере во било која телевизија да го вкрстиме знаењето за правната проблематика. Ако мислеше за друга пресметка – нема проблем и за таква, но не надвор и не без камери туку со камери. За да не биде не видов, повеќе беа, помалку беа. Не бегаме од тоа“, кажа Јанушев.