Во медиумите се појавија информации дека Христијан Мицкоски и неговото семејство акумулираат имот во Скопје. Според „Индекс.мк“, Мицкоски купил и реновирал барака во Козле вредна еден милион евра.
Куќата Мицкоски ја пишал на името на неговиот зет за сестра, Жани Митревски во обид да се сокрие ваквото акумулирање на недвижен имот од страна на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во медиумите претходно се појавија и информации дека Мицкоски и неговото семејство располагаат со десетина станови, куќи и друг недвижен и движен имот во државата и во странство.
Според „Инфомакс“ Мицкоски има пријавено дека поседува само семејна куќа во Влае, каде што и живее, но затоа неговиот татко и неговата сестра имаат стекнато вреден имот во Скопје, Охрид, но и во Црна Гора.