ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Неврохирургија со реновиран стационарен оддел според највисоки стандарди

February 7, 2020 14:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комплетно се реновирани сите десет болнички соби на Универзитетската клиника за неврохирургија, од кои најголем дел се преадаптирани во двокреветни соби со изградба на посебни тоалети и бањи и се претворени во еден вид апартманско болничко сместување. Направена е и целосна имплементација на инсталација за медицински гасови со одводни ампели до сите болнички кревети и соби, а преадаптирана е и собата за полуинтензивно лекување која по отворањето на хибридната сала, во рамки на проект на Министерството за здравство ќе биде во состав на новоформираниот оддел за ендоваскуларна хирургија.

Ова денеска го изјави д-р Владимир Рендевски, директор на Клиниката, чиј реновиран стационарен оддел  го посетија премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче. Д-р Рендевски посочи дека во соработка со Институтот за радиологија на обука се двајца специјалисти, кои предводени од Филипче, како прв хибриден неврохирург во регионот би претставувале, како што рече, предизвик за решавање на комплексната проблематика од оваа патологија.

– Со донација од компанијата „Макстил“ е реновирана и детската соба на одделот, набавени се нови болнички кревети, а е изградена и бања со тоалет и чајна кујна за најмладите пациенти. Преадаптиравме и други помошни простории кои сега претставуваат болничка аптека, магацински простории и канцеларии за помошниот медицински персонал. Значително ги подигнавме нашите здравствени услуги, квалитетот што го пружаме кон нашите пациенти и се надевам во иднина ќе претставува една добра и релевантна здравствена установа во регионот, додаде д-р Рендевски.

Премиерот Спасовски рече дека посветеноста која ја имаат во делот на подобрување на условите за пациентите, меѓутоа и за условите за работа на лекарите и медицинскиот персонал се врвен приоритет и тие даваат резултати.

– За еден месец во две клиники има реновирани простории, има нова хируршка сала на Клиниката за торакална хирургија, обновени се други клниники, што покажува дека само со работа и со посветеност може да дојде до резултати. Граѓаните заслужуваат да имаат добри и квалитетни здравствени услуги и тие да ги имаат во соодветни простории, посочи Спасовски.

Тој рече дека значењето на овие проекти е големо особено ако се има предвид дека на која било од овие клиники каде се спроведуваат проектите, повеќе од 40 години не било ништо вложено. Тоа, како што потенцира Спасовски, покажува дека проектите се од извонредно значење, дека посветеноста во работењето токму за вистинскиот начин на поправање на состојбите во здравството и сето она што се прави за да го почувствуваат крајните корисници, граѓаните, меѓутоа и да ги мотивираат лекарите за да имаат подобри здравствени услуги, тоа претставува мотив и за работата на Владата во иднина.

– Ние ќе работиме посветено, прво да го зголемуваме буџетот за здравство, како што го направивме тоа оваа година, да вложуваме во човечкиот потенцијал, лекарите, медицинскиот персонал, затоа што најважно е луѓето кои се школувале, кои вложувале во сопственото образование, а имаме многу стручњаци кои се познати и во светски рамки, да ги задржиме тука во Северна Македонија. Се покажа дека за овие две години е можен пресврт во работењето во многу сегменти. Најмногу се радувам на секој пресврт во здравството, рече Спасовски.

Самиот факт, додаде премиерот, дека значајни проекти се реализирани во последната година  на Клиниката за неврохирургија покажува дека приоритетите на оваа Влада, на овие раководни тимови се сосема други, а тоа е подобрувања на условите, здравјето на граѓаните и така ќе продолжат и во иднина.

Министерот Филипче рече дека ова е заокружување на подобрувањето на инфраструктурните услови после минатогодишното целосно реновирање на Одделот за инензивна нега. Посочи дека сега секоја соба ги задоволува највисоките стандарди, секоја има тоалет, мал број кревети и детската соба посебно адаптирана за условите за децата кои лежат со тешки дијагнози и нивните мајки кои ги придружуваат.

Најави дека во периодот што следи пристапуваат кон формирање хибридна сала во рамки на Клиниката со што пациентите конечно таму ќе ја добијат здравствена услуга и нема да треба да се транспортираат до клиниките за радиологија или за кардиологија.

– Ова е последователно веќе повеќе пати реновирање на хирушките клиники по реновирањето на Клиниката за дигестивна хирургија, за пластична хирургија, делот со новата операциска сала на Клиниката за торакална хирургија. Тука не е реновирано повеќе од 40 години и сега заличува на модерен објект, кој нуди соодветни услови за третман и престој на пациентите, но и соодветни услови за работа на медицинскиот персонал. Во следните две недели почнува и реконструкција на тоа што се нарекува заеднички простории на хирушките и на интерните клиники, најстарите делови, влезовите, коридорите, Ургентниот центар и оној најстар дел на Клиниката за интерни болести од каде се движат пациентите и се упатуваат низ клиниките или амбулантите, додаде Филипче.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

За кои авио билети се „загрижи“ ВМРО-ДПМНЕ?

НАЈНОВО

Судот на правдата на ЕУ: Ударот од гром во авион е оправдана причина за големо задоцнување

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk