ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Битиќи од Брисел: Максимална заложба кон исполнување на препораките од извештајот на ЕК

February 27, 2023 13:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес во Брисел учествуваше на билатералниот скрининг состанок од Кластер 2, „Внатрешен пазар”, поточно на состанокот од Поглавје 9 „Финансиски услуги”.

Во својот говор пред претставниците на Европската Унија (ЕУ) вицепремиерот Битиќи нагласи дека финансиските услуги иако не се основните вредности на Договорот за основање на Европската Унија, дека тие не се ни основите на формирањето на Унијата, но во почетокот на третата деценија на 21 век, тие се исто толку важни колку што во средината на претходниот век биле основните права и слободи врз кои се базира Договорот за формирање на ЕУ.

„Сите ќе се согласиме дека не можеме да го замислиме секојдневниот живот без користење на финансиските услуги со цел да ги задоволиме нашите секојдневни потреби, плаќање на киријата, хипотеката, заемот, котизацијата за универзитет, плаќање онлајн, плаќање во готово, па дури и плаќањето со крипто, што е голем предизвик од гледна точка на финансиска контрола во целиот свет”, рече Битиќи.

Пред претставниците на Европската комисија, вицепремиерот Битиќи нагласи дека финансиските услуги се насекаде околу нас и дека ние директно или индиректно секогаш сме опкружени со акции и трансакции, кои пак се тесно поврзани и зависни од финансиските услуги.

„Како што видовме во последниот извештај на Европската комисија, Европскиот парламент, Советот, Европскиот економски и социјален комитет и Комитетот на регионите, Северна Македонија е умерено подготвена земја со постигнат одреден напредок во текот на минатата година во областа на финансиските услуги. Како што беше наведено во извештајот, ние сме во напредна позиција во однос на супервизорската и регулаторната рамка за кредитните институции. Од друга страна, заостануваме во усогласувањето во делот на осигурувањето и пазарите на капитал. Извештајот констатира добар напредок во имплементацијата на стандардите за ликвидност од Базел 3 и дека преземаме одредени активности за да спречиме нефер банкарски практики и да спроведеме подобра и поефикасна заштита на потрошувачите”, кажа во својот говор Битиќи.

Вицепремиерот во својство на главен координатор на Кластер 2, во кое спаѓа Поглавјето 9 – „Финансиски услуги”, ги увери претставниците на Европската Унија дека земјата оваа година ќе се потруди максимално да ги исполни препораките од извештајот, со што ќе донесеме закон за решавање (резолуција) на банки и имплементација на законодавството и подзаконските акти и врз основа на тоа да го завршиме назначувањето на Регулаторно тело за банките, правилно справување и спречување на нерегистрираните и неосигурените возила и ќе продолжиме да се занимаваме со заштитата на потрошувачите заедно со формирањето на финансиски Народен правобранител.

Tags: „Внатрешен пазар“БитиќиЕККластер 2
Next Post

ДКСК отвори предмет за Груби

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk