ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

НБ: Продолжува усогласувањето на банкарската регулатива со новините во европската

February 27, 2023 13:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Советот на Народната банка, на седница одржана на 27 февруари 2023 година, усвои нова Одлука за методологијата за управување со кредитниот ризик со која се врши натамошно усогласување со новите регулаторни барања коишто започнаа да се применуваат во Европската Унија, а придонесуваат за натамошно јакнење на стабилноста на банкарскиот систем. Со Одлуката се определува нов начин на утврдување на нефункционалните кредитни изложености и се зајакнуваат критериумите за следење и контрола на квалитетот на кредитното портфолио на банките. Исто така, се унапредуваат правилата за реструктурирање на кредитните изложености на банките кон клиенти кои се соочуваат со финансиски тешкотии.

Заради поголема транспарентност во работењето на банките и следење на нивната усогласеност од страна на Народната банка, Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик ги проширува информациите и податоците коишто треба да ги достават банките до Народната банка, за што треба да го прошират опфатот на системот за известување до централната банка. Така, новина во овој домен меѓу другото се и подетални информации за реструктурираните кредитни изложености, за следење на активностите на банките за намалување на нефункционалните кредитни изложености, како и за одобрените зелени кредити.

Преку спроведувањето на Одлуката ќе се овозможи подетално следење на движењата во кредитното портфолио на банките и навремена оцена на потенцијални ризици за финансиската стабилност.

Имајќи ги предвид новините коишто се воведуваат со Одлуката, Народната банка предвиде таа да се применува од 1 јануари 2024 година, со што ќе се обезбеди времето потребно за соодветни промени во системите на банките и за приспособување на нивното работење кон овие нови барања. Во исто време, новините поврзани со ризиците поврзани со климатските промени ќе почнат да се применуваат од 1 јануари 2025 година.

На оваа седница беа усвоени и Правилата за работа на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС). Овие правила се дел од подзаконската регулатива којашто ја носи Народната банка заради усогласување со барањата од новиот Закон за платежни услуги и платни системи кој стапи на сила на почетокот на оваа година. Новиот закон претставува значаен исчекор во усогласувањето на платежните услуги со европската регулатива и од него се очекуваат бројни предности за компаниите и граѓаните.

Досега Народната банка донесе 29 подзаконски акти. Оттука, со Правилата се проширува опфатот на учесниците во МИПС со нови субјекти коишто согласно Законот може да даваат платежни услуги и да учествуваат во платните системи, а се уредуваат и други прашања поврзани со извршувањето налози за пренос на парични средства и управувањето со ризиците.

Tags: ЕУНБрегулатива
Next Post

Секс за возрасни

НАЈНОВО

Европска премиера на претставата „Приказната на Електра“ за затворање на „Охридско лето“

August 20, 2025

Книжевна вечер со Капка Касабова во „Буква“

August 20, 2025

(ВИДЕО) „Јасен“ се уште гори, борбата со големиот шумски пожар продолжува

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk