ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ангеловска-Бежоска: Новата стратегија на ЕУ „Глобална порта” ‒ можност за повисоки инвестиции во Западен Балкан

March 1, 2023 10:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Д-р Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија (фото извор: НБРСМ)

Д-р Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија (фото извор: НБРСМ)

Share on FacebookShare on Twitter

„Економиите од регионот на Западен Балкан сѐ уште се на пониско ниво на реална конвергенција и имаат потреба од побрзи стапки на раст и модел што ќе се заснова на поголем обем и квалитет на инвестициите. За да се излезе од маѓепсаниот круг на бавен раст и ниска конвергенција, инвестициите треба да се насочат кон областите што ја зголемуваат конкурентноста и отпорноста на економиите. За финансирање на инвестициите, а во услови на затегнување на условите на финансиските пазари, од клучно значење е меѓународната финансиска поддршка. Со помош на новата стратегија на ЕУ „Глобална порта” може да се поттикне зголемување на инвестиции во регионот.” Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на форумот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) „Приспособување на светот што се менува”, којшто се одржува во Луксембург. На панел-дискусијата на која воведно обраќање имаше Лилјана Павлова, потпретседателка на Европската инвестициска банка (ЕИБ), учествуваа и Маркус Бернт, заменик-директор на ЕИБ Глобал, Кун Дунс, генерален директор за меѓународни партнерства во Европската комисија, Андре Алерт, директор во КфВ, Папа Амаду Сар, извршен директор во Агенцијата за развој на Франција и Родриго Мадрацо, извршен директор на Европскиот развоен фонд.

Гувернерката зборуваше на панел-дискусијата „Глобална порта: Европските партнери за одржливи инвестиции”, посветена на стратегијата на ЕУ за поддршка на инвестициите во инфраструктурата, енергијата, дигитализацијата, здравството и образованието, со цел да се поттикне одржлив економски развој на земјите надвор од ЕУ. Целта на оваа стратегија е да ги поврзе економиите, финансиските институции и приватниот сектор, за да се намали глобалниот јаз во инвестициите.

Ангеловска-Бежоска истакна дека јазот на обемот на капитал во економиите од Западен Балкан во однос на земјите од ЕУ е голем, како последица на недоволните инвестиции. Оттука, сѐ уште има потребата за зголемување на нивниот обем и насочување кон приоритетните области, со што ќе се надминат структурните пречки, ќе се зголеми потенцијалот за раст и ќе забрза конвергенцијата. Во овој контекст, таа укажа дека отежнатиот пристап до финансирање честопати е посочуван како фактор што го ограничува побрзиот раст на овие економии, а домашното штедење и натаму е под нивото што се смета за оптимално и не може да поддржи повисоки стапки на инвестиции. Оттука, истакна таа, од големо значење е обезбедувањето надворешни извори на финансирање, што претставува предизвик во тековните затегнати глобални финансиски услови и пооптоварениот должнички профил на земјите.

Токму затоа, посочи гувернерката, меѓународните иницијативи како што е „Глобалната порта” на ЕУ се важна алатка за обезбедување стабилен и одржлив пристап до финансирање по поволни услови. Ваквата поддршка во форма на комбинација на грантови, заеми по поволни услови, гаранции, може да обезбеди значително зголемување на улогата на инвестициите во економиите на Западен Балкан. Со оглед на тоа што во центарот на вниманието на оваа рамка се физичката и дигиталната инфраструктура, енергетскиот сектор, климатските промени, здравството и образованието, јасно е дека преку неа се засегаат долгогодишните структурни слабости на економиите од регионот, чиешто отстранување би придонесло за побрз раст и поголема отпорност на различни шокови.

Tags: Ангеловска-БежоскаЕИБЕУ
Next Post

Приведен скопјанец осомничен дека во повеќе наврати се самозадоволувал пред женски лица

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk