ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Винаријата Стоби се закити со три златни медали на престижниот вински натпревар „Mundus Vini” 2023 година

March 2, 2023 11:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Водечката македонска винарија, „Стоби” освои награда “Best of Show” – награда за најдобро бело вино од Македонија и три златни медали на високо признатата 32-ра пролетна дегустација на „Мундус Вини” 2023 во Германија. Ова најново достигнување е доказ за исклучителните винарски вештини, страста и посветеноста на Стоби за производство на извонредни вина.

Победничките вина се Вранец Селекшн 2020, Веритас 2017 и Мускат – Темјаника Македон 2021, како и специјалната награда за „Best of Show” за бело вино зa Мускат –Темјаника Македон. Вранец е најпознатата сорта грозје од регионот, и е постојан победник, земајќи бројни награди и златни медали од најголемите светски вински натпревари. Квалитетот на вината на Стоби е препознаен и награден од некои од најпрестижните светски експерти за вино.

„Чест и задоволство ни претставува што ги добивме овие златни награди, како и за специјалната награда за најдобро бело вино од Македонија, а со тоа се потврдува дека виното на Стоби е престижно вино рамо до рамо со останатите кои се натпреварувавме на овој вински натпревар. Тоа е доказ за напорната работа на нашиот тим, кој се труди да произведува вина со највисок квалитет кои ја претставуваат Македонија во светот. Винаријата Стоби е посветена на зачувување и промовирање на винарското наследство на Македонија преку производство на одлични вина кои ги отелотворуваат уникатните карактеристики на регионот. Успехот на винаријата помогна да се стави Македонија на мапата како земја за производство на вино од светска класа.”, велат од винарија „Стоби”.

Пролетната дегустација на „Мундис Вини” е еден од најзначајните светски вински натпревари, со над 11.000 винарии од целиот свет. Вината ги оценуваат меѓународни експерти, поточно врвни енолози, сомелиери, винари, новинари, врз основа на нивниот вкус, арома, изглед и севкупен квалитет. Натпреварот се одржува двапати годишно од 2001 година и го организира Мајнингер Верлаг, водечка германска издавачка куќа за вино. Целта на натпреварот е да го промовира квалитетот и разновидноста на вината од целиот свет и да им обезбеди на потрошувачите насоки при изборот на најдобрите вина.

Изминататите 13 години винарницата Стоби осовјува награди од најпрестижните светски вински натпревари како „Decanter”, „Mundus Vini” во Германија, Concours Mondial De Bruxelles и многу други.

Винарницата Стоби се наоѓа во Тиквешкиот регион, кој е познат по своите идеални климатски и почвени услови за одгледување грозје. Лозовите насади на винаријата зафаќаат над 500 хектари и тие годишно произведуваат 4,5 милиони литри високо квалитетно вино, од кои освен на домашен пазар, 76 проценти се наменети за извоз во регионот и светот, во европските држави Холандија, Данска, Белгија, но и во Кина, Сад и Русија.

Tags: „Mundus Vini" 2023
Next Post

Родњански: Украинската војска доколку е потребно може да се повлече од Бахмут

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk