Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски на прес-конференција денеска изјави дека нивен предлог е минималната тарифа на цената на водата по метар кубен за Град Скопје да изнесува 31,53 денари, што е минимално намалување што се должи на фактот дека помошта која што ќе се дава со пониска цена на струја, ќе продолжи и во наредниот период.
Максималната тарифа да изнесува 34,89 денари што е повисока за 9% од постоечката, истакна тој.
Овој предлог ќе биде доставен до Водовод-Скопје, а тие понатаму имаат право врз основа да донесат своја одлука што после тоа се доставува до Советот на Град Скопје на гласање, порача Бислимоски.
Доколку се прифати максималната тарифа, би значело зголемување на водата од 29,5 денари на месечно ниво.