По повод Меѓународниот ден на жената, поставена е изложбата „Иднина е женски род„ од страна на Делегацијата на ЕУ и „Европска куќа Скопје“, во партнерство со „ОН МК“.
„12 исклучителни дами: Стефанија, Марта, Дороти, Бисера, Кристина, Ленче, Макфире, Снежана, Елизабета, Ива, Магдалена и Фатма. Следејќи ги своите соништа и убедувања, тие рушат бариери и стереотипи и докажуваат дека полот не е пречка, туку можност“, се наведува во објавата.
12 портрети од еден поинаков агол, ќе ја менуваат перцепцијата за жената од 8 март до 8 април 2023.
Дизајнот е на уметникот Зоран Кардула