ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесплатни испити за дигитални вештини наменети за средношколци од сите градови низ земјава

March 15, 2023 10:03
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ

Во рамки на годишната кампања од општествена одговорност „Подаруваме знаење“, првиот едукативен центар за компјутерска обука во Македонија, Семос Едукација, подари бесплатни официјални испити, за сите заинтересирани ученици од трета и четврта година од сите средни училишта во земјава.

Над 100 средношколци имаа можност да полагаат бесплатни официјални испити од вендорите Microsoft, Adobe и Autodesk, кои ќе им помогнат во изборот на идна кариера, како и во нивниот професионален развој.

Пријавените ученици од сите градови низ земјава, помеѓу кои: Неготино, Делчево, Охрид, Тетово, Кочани, Куманово, Велес, Скопје… имаа можност да ги валидираат своите вештини и да го потврдат своето знаење преку полагање на овие испити.

Овие светски признаени испити имаат за цел да го потврдат стекнатото знаење и дигиталните вештини, кои учениците ги поседуваат и да ја насочат нивната кариерна патека, да ги потикне и понатаму да продолжат со образование во соодветна област и да се специјализираат во одредена индустрија.

„Кога децата се на возраст од 15 до 20 години, тогаш почнуваат да си ги поставуваат првите прашања со што сакаат да се занимаваат во иднина. Оттука и се одлучивме за кариерно советување, со цел детето да се поддржи во истражувањето на своите интереси и кариерните опции”, вели Елена Мирчевска, дипломиран психолог и сертифициран GCDF кариерен советник во Семос Едукација, која беше гостин на тестирањето и имаше онлајн презентација за кариерата и кариерните патеки.

Целта на оваа благородна мисија е да се едуцираат успешни млади генерации, кои се подготвени да се справат со сите предизвици кои ги носи дигиталното опкружување.

Изборот на кариера е еден од најважните избори за секој млад човек, кој никогаш не е доцна да се направи, бидејќи знаењето и упорноста секогаш водат до посакуваната цел.

„Менуваме животи“ е мотото на Семос Академиите со цел да се отвори патот на младите луѓе кон најперспективните ИТ и креативни професии и да им помогне во креирањето на успешна иднина.

Tags: Семоссредношколци
Next Post

Радев го отфрли повикот на Скопје за извинување за депортацијата на македонските Евреи

НАЈНОВО

Сапорт Кочани: Обезбедена компресивна облека за 176 повредени од пожарот во Кочани

August 18, 2025

Независните кандидати меѓу политички игри и институционални бариери

August 18, 2025

Зеленски: Руските напади врз Украина се циничен обид за попречување на мирот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk