Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) за петок (17 март) од 12:30 часот организира протест пред Министерството за образование и наука (МОН).
Оттаму во објава на социјалната мрежа Фејсбук споделија дека времето за спремање државна матура е многу кратко, па бараат од надлежните да објават што да се учи, кој материјал е скратен, за да може навреме да се спремат.
Екстерните предмети од државната матура годинава ќе се полагаат на 27 мај и на 10 јуни.