СДСМ кампањата „На прав пат“, преку отворени граѓански трибини под мотото ,,На прав пат”, ја започна во Штип.
„Ако го бараш правиот пат и не успееш да го најдеш, направи го. Ние цврсто одлучивме да ја ставиме нашата татковина на прав пат. Пат што гарантира прогрес и убава иднина за нашите млади. Одиме храбро, со љубов, по години изолација, денес сме партнери на демократскиот свет. Пари назад кон граѓаните, градежна офанзива, покачена минимална плата со преговори за доплнителни покачувања не од 1.000 денари од многу повеќе, платите мора да растат, ја зголемивме продечната плата, обезбедивме зелена нафта, 100 илјади евра за млади земјоделци од Штип. Концептот на зголемување на платите е правиот пат. Социјална помош зголемена, зголемен опфат на деца со детски додаток, државна социјална помош за повозрасни луѓе во државата. Во 2019 година рекорден број на странски инвестиции, вкупната бројка на невработени е падната од 27 на 17%. Не е само државвата на прав пат, на прав пат е и вашиот Штип кој го води Благој Бочварски“, изјави Зоран Заев на трибината во Штип во рамки на кампањата „На прав пат“.
„Во текстилна индустрија порасна за 4000 денари, но мин плата не застанува таму, таа ќе порасне многу повеќе. Зголемување на пензии, просечна пензија порасна за 800 денари и воедно го стабилизираме пензискиот фонд, економијата расте и може да очекуваме вонредно зголемувањр на пензиите, воведовме детски и образ додаток, инвестицијата во децата е најважна инвестиција за нашата држава. Градиме градинки, градиме социјални услуги, сакаме во секое населено место децата да имаат мнжност на ист старт. Една цел да го подобриме вашето живење, да го подобриме нашето општество, достоинствена плата и пензија за секој во државата, на прав пат сме заедно со вас“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Трибината е во тек, а Заев, Царовска и градоначалникот на Штип, Благојче Бочварски, прашани од граѓаните зборуваа за корупцијата, преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, евроинтеграциите, социјалната правда и решавање на низа локални проблеми што се во интерес на штипјани.
С. М. Ж.