САД и нудат на Словачка 12 нови воени хеликоптери Bell AH-1Z Viper со попуст од две третини од цената, објави на Фејсбук на министерот за одбрана на Словачка, Јарослав Над. Ова доаѓа откако Братислава ги испрати своите борбени авиони МиГ-29 во Украина што не и беа во употреба.
Словачкиот министер за одбрана рече дека владата сè уште не го одобрила договорот, според кој државата ќе плати 340 милиони долари во период од три до четири години за пакет вреден повеќе од една милијарда долари.
Договорот вклучува и делови, обука и повеќе од 500 противтенковски ракети Hellfire 2 AGM-114.
Министерот додаде дека заедно со понудата за американското вооружување, Братислава ќе добие и отштета од ЕУ во износ од 250 милиони евра.
Словачка, земја членка на НАТО на источното крило на алијансата, во моментов нема борбени хеликоптери. Минатото лето ги „пензионираше“ своите борбени авиони МиГ и оттогаш се потпира на своите соседи од централна Европа, Чешка, Полска и Унгарија за воздушна одбрана.
Минатата недела, Словачка стана вториот сојузник на Украина, по Полска, кој и обезбеди борбени авиони за кои Киев смета дека се клучни за одбивање на повеќе од годинашната руска инвазија.