Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека доколку се имплементира договорот меѓу Косово и Србија, тоа ќе го отвори патот за признавање на Косово од страна на петте земји-членки на Европската унија кои се уште не го сториле тоа, јави допсиникот на МИА од Белгад.пренесува Гласот на Америка.
-Тоа секако е прашање на кое сè уште работиме, но исто така мислам дека овој договор, доколку се имплементира, всушност не води кон признавање од овие земји, рече Блинкен одговарајќи на прашање од демократската сенаторка Џин Шахин за неговите напори да ги убеди петте земји од ЕУ кои не го признаваат Косово да го сторат тоа, соопшти ВОА.
Тој призна дека признавањето на Србија е друга работа и дека ќе потрае некое време.
-Но, доколку дојде до нормализација на односите меѓу Косово и Србија, тоа би имало позитивен ефект и верувам дека со текот на времето ќе дојдеме до тој момент, но мислам дека фактот што Косово и Србија постигнаа договор, под претпоставка дека ќе го спроведат, ќе доведе до признавање од петте земји, рече Блинкен.
Тој за време на седницата рече дека напредокот постигнат меѓу Србија и Косово дава надеж на патот кон нормализација.
-Верувам дека е важно, освен фактот што двете земји начелно се договорија да го направат тоа, дека овие обврски се дел од плановите на двете земји за членство во Европската унија, па се надевам дека ова ќе биде поттик да ги имплементираат, рече тој.
Сенаторката Шахин рече дека Комитетот за надворешни односи на Сенатот е многу заинтересиран за ова прашање и праша како Конгресот може да помогне во овој поглед.
-Верувам дека ќе биде огромна помош доколку, на пример, ако во вашите ангажмани со законодавците на двете земји, јасната поддршка од Конгресот на Соединетите Американски Држави да се придвижи напред и да се спроведат овие договори, мислам дека би била критична, рече Блинкен.
Тој кажа дека силно го охрабрува ангажманот на членовите на Конгресот со парламентите во Белград и Приштина, како и со лидерите на двете страни во дијалогот.