Две лица од Кавадарци ноќеска биле уапсени поради шверцување на пет мигранти од Конго.
МВР информира дека ноќеска, околу 02.10 часот, на регионалниот пат 1102, кај клучка Градско, полициски службеници од полициска канцеларија Градско дале знак за запирање на две возила „БМВ“ со кавадаречки регистарски ознаки, но тие не ја испочитувале наредбата и продолжиле со движење на возилата.
– Набргу, по преземени мерки од страна на полициските службеници, биле лишени од слобода С.Ѓ.(23) од Кавадарци и Р.С.(22) од село Бојанчиште, кавадаречко, кои ги управувале возилата, а нешто подоцна, околу 03.10 часот при проверка на теренот биле пронајдени пет лица мигранти од Конго, известуваат од МВР.
Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил известен јавен обвинител.
– По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.