ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски и Апостолска: Владата направи пресврт во поддршката на бизнисите, се испорачуваат реални ефекти

Спасовски и Апостолска заеднички констатирале дека новиот инвестициски циклус во леарницата е доказ за реалните ефекти во економијата што Владата ги испорачува со своите политики за поддршката на бизнис секторот.

February 10, 2020 18:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска заедно со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски денеска ја посетија ЛТХ Леарница, компанија со словенечки капитал која се занимава со леење и машинска обработка на алуминиумски компоненти наменети за автомобилската индустрија.

Компанијата во 2018 година започнува нова инвестиција од 15,3 милиони евра, со која се прошируваат производствените капацитети, а постоечките 500 работни места се надополнат со 58 нови работни места.

Владините претставници беа информирани од страна на менаџментот на компанијата за идните развојни планови на компанијата.

Спасовски и Апостолска заеднички констатирале дека новиот инвестициски циклус во леарницата е доказ за реалните ефекти во економијата што Владата ги испорачува со своите политики за поддршката на бизнис секторот.

– Задоволство е што имаме компании кои се гордост на градот и државата, кои инвестираат и работат благодарение и на добрите бизнис политики кои ги има Владата. Разговаравме за тоа колку е важно партнерството меѓу бизнис заедницата и Владата, меѓу работодавачите и работниците Тоа партнерство дава резултати. Успешно е тоа што нудиме финансиска поддршка во делот на производството, таа можност ја користи и ЛТХ Леарница. Не информираа за нивните развојни планови во делот на градба на нови капацитети и набавка на нови машини, со цел да се зголеми производството и да се зголеми бројот на вработени. Според овој план ќе имаме дополнителни нови 58 вработувања, што ќе ја надмине моменталната бројката од 500 вработени, тоа е значајно не само за Охрид, туку и за државата. Ова нека биде поттик и за сите стопански субјекти да ги искористат добрите бизнис политики од страна на Владата и заеднички низ еден партнерски однос да си помогнеме и во делот на развојот на бизнисот и во економскиот напредок на Република Северна Македонија,  изјави Спасовски.

Според министерката Апостолска, ЛТХ Леарница е во континуиран процес на инвестиции и проширување на производството што зборува за реалните ефекти од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

– Она што е значајно е дека финансиската поддршка беше насочена кон технолошкиот развој, во продуктивни инвестиции, со што се потврдија успешните економски политики на Владата, која дава голем акцент и значење токму на бизнис секторот. Во рамки на леарницата ЛТХ позитивен пример е и тоа што тие во секојдневното производство големо внимание посветуваат и на едукацијата, справувајќи се со предизвикот на недостиг на работна сила во фаза се на воспоставување и на едукативен центар, изјави Апостолска, притоа посочувајќи дека проблемот со работната сила може да се надмине само преку соработката меѓу Владата и компаниите во напорите за создавање на поволна економска клима, зголемување на животниот стандард и економскиот раст. 

Next Post

Научници од 30 држави ги открија причините за речиси сите видови на рак

НАЈНОВО

До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот

Нетанјаху: Ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа – во Рафа и Кан Јунис

November 2, 2025

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците, јавноста има право да знае

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk