ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

„Охрид SOS“: Недозволени градежни активности во биолошки резерват заштитен од УНЕСКО

April 26, 2023 10:18
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Декларираните заложби за заштита на Охридското Езеро повторно на тест. На самото крајбрежје на езерото на албанската страна кај селото Тушемиште се изведуваат градежни активности со истурање бетон во водата.

Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ и овојпат укажа на недозволени градежни активности во самиот биолошки резерват заштитен од УНЕСКО.

– Уште еден доказ дека нема реална заштита на природното наследство на Охридскиот регион, дека уништувањето продолжува со несмалено темпо, и од другата страна на границата. Иако тој дел е само четири години на листата Светско наследство, ги преживува истите проблеми и притисоци како и македонскиот дел, потенцираат од „Охрид SOS“.

Истовремено, во Студенчишкиот канал повторно е забележано загадување на водата, предизвикано од човечки фактор. На површината на водата се појави мрсна дамка, од непознато потекло. Според информациите од надлежните, вчера попладнето извршен е вонреден инспекциски увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина, изготвена е фото-документација, а согласно регулативата ќе се покрене соодветна постапка.

За да видат каква е ситуацијата со био-резерватот Охридско Езеро во земјава престојуваат претставници на Секретаријатот на Бернската конвенција во делот на заштита на природното наследство, на Конвенцијата за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење (Рамсарска Конвенција) и на УНЕСКО.

Тие денеска ќе имаат средби со претставници на Општина Охрид, а предвидено е да ги посетат уште Националниот парк „Галичица“, Општина Струга, како и теренски посети на Студенчишко Блато, областа кај Свети Наум и крајбрежјето на Охридското Езеро.

Експертите од УНЕСКО и Бернската конвенцијавчера имаа средба и со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова. Таа по средбата изрази очекување дека гостите ќе дадат реална оценка за ситуацијата на терен, како и препораки за одржливо управување.

Tags: „Охрид SOS“УНЕСКО
Next Post

Украина, ФБИ и американски компании собираат докази за руските воени злосторства

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk