ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Судовите се независна власт, ако некој им се мешал во работата ќе треба да пријават низ соодветна процедура

April 28, 2023 12:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту јас како претседател на Влада, ниту кој било министер, не се меша во работата на Судскиот совет или на Советот на обвинители. Правосудните органи треба да бидат на ниво на кое ќе си ја извршуваат својата работа и нема да имаат никакво политичко влијание. Ако некој им се мешал во работата, тоа ќе треба самите да го пријават низ соодветна процедура, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски прашан за разрешувањето на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, по увидот на градежните активности на патот Ранковце- Крива Паланка.

Ковачевски потсети на соопштението на министерот за правда во врска со овој случај и напомена оти го дели истиот став. Министерот во рамките на своите надлежности во Министерството за правда побара да се види записникот од самата седница.

-Јас од првиот ден кога станав претседател на Владата кажав дека ниту јас како претседател, ниту кој било министер, не се меша во работата на Судскиот Совет или на Советот на обвинители и тоа можеше да се потврди низ директен пренос, каде сите граѓани можеа да видат што се случуваше на Судскиот Совет. Она што останува е правосудните органи на ниво кое што е потребно да ја извршуваат својата работа и да немаат никакво политичко влијание, рече Ковачевски.

Тој напомена дека лично немал ниту еден состанок со претседател на суд, а како што рече, ако некој им се мешал во работата, тоа ќе треба самите да го пријават низ соодветна процедура.

-Јас лично не сум имал ниту еден состанок со ниту еден претседател на суд, ниту сум претседател на Судски совет, бидејќи судовите се независна власт, судската власт е независна власт, извршната и законодавната власт се исто така независни и секој мора да си ги извршува своите работи во рамките на своите надлежности, додаде премиерот.

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева беше разрешена во средата на предлог на заменикот Селим Адеми. За нејзиното разрешување гласаа седум члена на Советот. Според невладините организации и експертите, разрешувањето на Дамева е незаконско и спрот6ивно на процедурите и Деловникот. Вчера беше закажана седница на која требаше да се избере нов претседател на Советот, но заменик претседателот Адеми ја одложи седеницата за 2 мај поради присуство на сите 13 члена.

Tags: Ковачевскисудство
Next Post

Ковачевски: Со експресниот пат Ранковце-Крива Паланка и Коридорот 8 привлекуваме нови инвеститори и отвораме нови работни места

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk