ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

АСЕАН: Крајно сме загрижени поради актуелното насилство во Мјанмар

May 10, 2023 10:05
in ДЕНЕС, СВЕТ
Image: Achmad Ibrahim/AP Photo/picture alliance

Image: Achmad Ibrahim/AP Photo/picture alliance

Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на Сојузот на држави од Југоисточна Азија (АСЕАН) денеска соопштија дека се „екстремно загрижени“ поради насилството во Мјанмар и го осудија неодамнешниот напад врз конвојот со хуманитарна помош во земјата.

„Ние сме крајно загрижени за тековното насилство во Мјанмар и повикуваме на итен прекин на сите форми на насилство и употреба на сила со цел да се создадат неопходни услови за испорака на (…) хуманитарна помош и за инклузивен национален дијалог“, се истакнува во соопштението на таа регионалната група, која до четврток одржува средба на врвот.

По вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на организацијата, регионалните лидери денеска го започнаа дводневниот самит на островот Флорес во источна Индонезија. На отворањето, индонезискиот претседател ги повика колегите на „единство“ за да можат да се справат со предизвиците со кои се соочува групата од десет земји.

„Доколку е обединет, АСЕАН ќе игра голема улога во постигнувањето мир и раст“, ​​посочи тој. АСЕАН, критикуван за својата пасивност, се обиде да ја реши кризата во Мјанмар преку дипломатски канали. Но, неговите напори досега не дадоа резултати, додека воената хунта во Мјанмар не се грижи за меѓународните осуди и одбива дијалог со противниците на воениот режим.

Во средината на април, најмалку 170 луѓе беа убиени во смртоносни воздушни напади околу Сагаинг, во центарот на Мјанмар. Притисокот врз регионалната алијанса се засили откако конвојот со дипломати и лидери кои доставуваа хуманитарна помош обезбедуван од АСЕАН се најде под вкрстен оган во источен Мјанмар.

Нема жртви во конвојот, во кој имало двајца претставници на индонезиската амбасада и двајца претставници на Сингапур во Јангон.

Мјанмар останува членка на АСЕАН, но доби забрана за присуство на состаноци на високо ниво поради неуспехот да го спроведе планот за решавање на кризата што ја зафати земјата.

Tags: АСЕАНМјанмарнасилство
Next Post

Папа Франциск: Сексуалните престапници се „непријатели“, но сепак заслужуваат христијанска љубов

Најново

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk