ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Мојот маж“ – премиера на Драмски театар според расказите на Румена Бужаровска

Од книгата на Бужаровска се избрани шест раскази чија драмска адаптација ја направија Викторија Рангелова-Петровска и режисерката Витошевиќ. Таа денеска на прес-конференција посочи дека претставата отвора три клучни теми: промашен живот во депресивно опкружување, неверство и грижа на совест. Се обиделе, рече, да нурнат во своите мисли и да трагаат по психата за да отворат горливи прашања во нашето општество

February 13, 2020 15:04
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Драмски театар-Скопје в сабота премиерно ќе ја изведе претставата „Мојот маж“ според истоимената книга раскази од писателката Румена Бужаровска, во режија на Нела Витошевиќ.

Од книгата на Бужаровска се избрани шест раскази чија драмска адаптација ја направија Викторија Рангелова-Петровска и режисерката Витошевиќ. Таа денеска на прес-конференција посочи дека претставата отвора три клучни теми: промашен живот во депресивно опкружување, неверство и грижа на совест. Се обиделе, рече, да нурнат во своите мисли и да трагаат по психата за да отворат горливи прашања во нашето општество.

-Преку отворање ранливи точки да проговориме за некои стигми и табуа кои се длабоко вкоренети во македонскиот конзервативизам и патријархат и на многу искрен и реален начин да воспоставивме дијалог, не само со расказите на Румена, туку и со самата публика. Така што, целата претстава е наш дијалог со нејзините раскази и со самата публика, истакна Витошевиќ.

Актерите Сања Арсовска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева-Велиќ, Исмет Шабановиќ, Игор Ангелов, Сара Климовска и Филип Трајковиќ покрај со актерската игра придонесуваат и со авторски монолози. Тие ја  опишаа претставата како емотивна, искрена и храбра зашто на сцената се „соголуваат“  и себеси, раскажуваат вистински  лични приказни, некои што не ги кажале ни пред најблиски.

-Секој од нас вади парче од својот живот на сцената. Но не за да покажеме колку можеме да се отвориме, туку за да им помогнеме на оние што се идентификуваат со она што е на сцената, рече Арсовска.

Режисерката и актерите се особено задоволни и од тоа што на сцена се поставува македонска авторка, притоа и позната и преведувана на Балканот.

Next Post

Македонскиот државјанин транспортиран во болница во Јокохама има блага форма на коронавирус

НАЈНОВО

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

November 2, 2025

Во вториот круг се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk