ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Швајцарскиот парламент за пропаѓањето и преземањето на банката „Креди Свис“ ќе ги истражува владата, централната банка и регулаторот

May 18, 2023 15:44
in ДЕНЕС, СВЕТ
Pascal Mora/Bloomberg

Pascal Mora/Bloomberg

Посебна комисија на швајцарскиот Парламент ќе го испита пропаѓањето на банката „Креди Свис“ и договорот според кој пропаднатата банка ја презеде конкурентот УБС, соопшти канцеларијата на Горниот дом на парламентот.

Одлуката е продолжение на поддршката од две парламентарни поткомисии за продлабочување на истрагите за активностите на владата, Централната банка и регулаторите на финансискиот пазар пред итната финансиска помош за Креди Свис.

Посебна комисија ќе биде формирана само петти пат во поновата швајцарска историја. Првата е основана во 1961 година за да го испита процесот на пуштање во употреба на борбените авиони „Мираж“, забележуваат британските медиуми.

„Со оглед на размерите на настанот, канцеларијата констатира дека формирањето собраниска комисија е оправдано“

Мандатот на истрагата и членовите на комисијата ќе го определат двата дома на парламентот на седниците што почнуваат на 30 мај, се додава во денешното соопштение.

„Со оглед на размерите на тие настани и нивните финансиски последици, канцеларијата заклучува дека формирањето собраниска комисија е оправдано. Канцеларијата се залага за широка дефиниција на истражниот мандат… и расветлување на настаните од изминатите години кои доведоа до итно спојување“, се додава во соопштението.

Според договорот за спас на банката, склучен од владата во текот на март, УБС се согласи да го купи Креди Свис за три милијарди швајцарски франци во акции и да преземе до пет милијарди франци очекувани загуби од затворањето на дел од бизнисот.

Тоа е прв случај на спасување на една глобална банка од финансиската криза во 2008 година, забележуваат британските медиуми.

Пријавата на регулаторот во САД покажа дека УБС побрза да го купи Креди Свис во договорот што не го посакуваше. Тие, исто така, посочија дека преземањето за нив може да значи и загуби од десетици милијарди долари.

Примената на законите за вонредни состојби заради полесно преземање под раководство на државата би можела да заземе видно место во дискусиите на собраниската комисија. Преземањето на проблематичната банка од страна на УБС беше поддржано од владата со 200 милијарди швајцарски франци (225 милијарди долари), бидејќи имаше за цел да спречи колапс на Креди Свис што би предизвикало поширока криза во глобалниот финансиски систем.

Преземањето на Креди Свис од страна на УБС предизвика многу критики во јавноста, особено за заобиколувањето на парламентот, кој минатиот месец не даде поддршка за договорот. Потегот на парламентот беше во голема мера симболичен и преземањето треба да се спроведе, а УБС очекува да го заврши во наредните недели.

Меѓутоа, сослушувањата на комисијата би можеле да дадат нови сознанија за самиот процес што резултираше со „најскапиот“ спас на банките од глобалната финансиска криза во 2008 година, забележуваат британските медиуми.

Tags: ИстрагаКомисијаКреди СвисШвајцарски парламент
Next Post

(ФОТО) Петровска: Пристигнуваат нови 26 оклопни возила од типот JLTV Oshkosh

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk