Кошаркарот на Мајами хит, Џими Батлер е прогласен за МВП на полуфиналето на НБА-лигата.
Во финалето на Источната конференција против Бостон (4-3), Батлер имаше просек од 24,7 поени, 7,6 скока и 6,7 асистенции. Шутот од поле му беше со прецизност од 42 проценти.
Триесет и тригодишниот Батлер во борбата за МВП титулата го престигна соиграчот Кејлеб Мартин – доби 5 од 9 гласови на медиумите.
Мајами ќе се соочи со Денвер во финалето на НБА-лигата.