ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Договорно производство на бессемена лубеница: Првиот дел од договорот исполнет, земјоделците го расадија бостанот

June 6, 2023 22:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Компанијата „Fresh line“, која се занимава со извоз на овошје и зеленчук од Македонија. организира договорно производство на бессемена лубеница, која ќе врши откуп на лубеницата по однапред утврдена цена од 10 денари за килограм. Оваа откупна цена ќе биде загарантирана со самиот договор, но може да биде и повисока зависно од моменталната цена на берзата во време на берба, велат од компанијата. Земјоделските производители ќе добиваат регрес семе, а ќе имаат и поддршка во едукација и други сугестии во текот на производството.

„Идејата да го работиме овој производ кај нас дојде уште пред десетина години во моментот кога нашите шведски партнери едноставно ни соопштија дека веќе нема да ја купуваат обичната лубеница бидејќи на нивните пазари тој производ не се троши и не се продава, и ние бевме принудени да посадиме и произведеме производ кој ќе го понудиме таму и ќе го продаваме. Така добивме идеја да направиме договорно производство, за да можеме да го продолжиме тоа што претходно го работевме.“, вели Борис Шуперлиски од „Fresh line“.

Годинава производството на бессемена лубеница се врши на околу 35 хектари распределени во три региони во Македонија, Валандовски, Струмички и Штипски, со цел да се добие производ во текот на целата сезона, односно почнувајќи од 15-20 јуни до крајот на август.

Бессемената лубеница е слична на обичната која на сите ни е позната. разликата е во тоа што семенскиот материјал е различен и се работи за семка која е нешто поскапа од другите семиња. Другиот дел од процесот на производство е сличен или ист како другата лубеница.
Подготовката на нивите и делот со садењето е ист како обичната лубеница. Бројот на стебла што се садат на еден хектар се околу 5.000. Важно е да се напомене дека бессемената лубеница мора да се засади со друга семена лубеница, односно некој тип на поленатор затоа што самата од себе не се опрашува.

„Во претходните десетина години работење со бессемена лубеница, завршивме многу проекти на договорно производство, каде што вкупното производство беше откупено од наша страна и извезено по договори кои ги потпишуваме претходно. Се работи за производ којшто е многу баран на запад, за разлика од семената лубеница која традиционално завршува на балканските пазари и секогаш има проблем во борбата со цените и со понудата на производите. Затоа имаме нестабилност и луѓето се имаат откажано од тој производ. Бессемената лубеница е многу прифатена на западните пазари. Тоа се веќе софистицирани пазари каде што вредноста на потрошувачката и потрошувачката кошничка на тамошните домаќинства е поголема и бараат производи коишто се поспецифични и поинтересни за консумирање. Бессемената лубеница е идеален производ за тие пазари.“, вели Шуперлиски.

Земјоделците се задоволни од досегашните договори.

„Ни одговара тоа што пласманот е решен, нам ни останува само да произведеме добар производ. Договорното производство е најдобро решение за нас земјоделците.“

Од компанијата велат дека бројот на заинтересирани производители постојано се зголемува и се задоволни со тоа што го постигнуваат.

„Од година на година заинтересираноста расне и задоволни сме со тоа што го постигнуваме. Отворени сме за потпишување договори секогаш, за следната година можеме да почнеме да разговараме од септември. Договорите е најдобро да ги потпишеме до крајот на годинава бидејќи семенскиот материјал не е на располагање во Македонија на слободен пазар и за него правиме нарачки кои се поставуваат од септември-октомври.“, велат од „Fresh line“.

Првиот дел од договорот, расадот е обезбеден и речиси сите земјоделци го расадија бостанот. Сега започнува извршувањето на потребните агротехнички мерки за добивање оптимален принос и квалитет на лубениците.

Договорното производство на бессемена лубеница е поддржано од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Извор: Агротим

Next Post

За сообраќајната (не)култура: Aко имаш нов, брз, па и скап автомобил, немаш секаде предност, сообраќајните правила важат и за тебе

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk