ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЈПДП донесе одлуки за вработувања во проектната единица со „Бехтел и Енка“ за коридорите 8 и 10д

June 13, 2023 11:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПД) донесе одлуки за вработување работници во проектната единица за спроведување на проектот за изградба на инфраструктурниот проекет Коридор 8 и Коридор 10д, согласно со огласот 1/2023, објавен на 13 април со којшто се бараше ангажман на работници на повеќе позиции од градежништвото, административни работници и возачи.

Донесена е одлука за избор на Семијал Хасани Зибери за работното место – помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, позиција за која е предвидена плата од 70.052 денари.

За местото координатор на единицата за техничка изведба на проектот, за кое е предвидена плата од 65.029 денари, ќе биде ангажиран Рами Јусуфи.

Вработени се само двајца од планираните четворица специјалисти за експропријација на имот предвидени со огласот. Ангажман добиле и еден преведувач, а наместо по двајца извршен е избор на по еден специјалист за следење и подготовка на проектна документација, еден административен работник и еден возач. Не е извршен избор за позицијата известувач за проектот, специјалист за инвестиции и градба на патишта, како и специјалист за урбанистичко планска документација.

Огласот беше објавен на 19 април и траеше до 25 април, а договорот е до 22 јануари 2028 година, односно до завршување на проектот. Одлуките на ЈПДП се достапни на линкот .

За спроведување на Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ со кој е предвидена изградба на четири автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10д, неодамна во Собранието беа изгласани измени на шест закони.

Планирана е изградба на автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( 27 километри) и на делницата Прилеп – Битола (43,4 километри) од Коридорот 10- д.

Tags: „Бехтел и Енка“ЈПДПКоридор 10дКоридор 8
Next Post

Фотоволтаици за три училишта и градинка во Чаир

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk