Три дена во Скопје со децата и со возрасните ќе се зборува зошто приказните се важни за нас како поединци и за општествата во кои живееме, кои се скопските шумски суштества и како да ги пронајдеш, кои се љубовните приказни на Скопје, дали книгата може да се истражува како да е патека, книгата ќе се гледа како географски простор во кој човек се губи и експериментира, ќе се игра со нејзините елементи и структура, проширувајќи го на тој начин начинот на гледање и читање, ќе се создаваат свои книги, откривајќи врати, отсекувајќи ја шумата и откривајќи тајни ќошиња помеѓу страниците, ќе се создаваат книги-острови, книги-куфери, тајни врати… Ќе се шета низ Атлантида, Мордор, Лилипут, Оз…
Работен јазик на симпозиумот ќе биде англиски, превод на македонски ќе биде обезбеден само на работилниците за деца.
За оние што сакаат да следат онлајн, излагањата ќе бидат достапни на следниот линк:
https://us02web.zoom.us/j/88085082978?pwd=OVQ1Wkx1Nnp1OWkyOU1ucFcxNnVHUT09
Meeting ID: 880 8508 2978 Passcode: 735208
Фестивалот и симпозиумот се дел од проектот „Да ти ја раскажам мојата приказна: протек на европски книжевни дела за млади” дел од програмата „Креативна Европа”.