Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје денеска и утре ќе се одржува првото издание на Стрип Трип Фестивалот Скопје.
На програмата, како што информира МКЦ, има дискусии и презентации на најнови домашни и регионални стрип изданија, гости автори и издавачи, изложба на реномирани стрип цртачи, музичка програма, работилница за цртање стрип за деца, филмска програма и Берза на стрипови.
Ги повикуваме сите издавачи, колекционери, стрипомани и стрип љубители, и самите и нивните најмили да дојдат и заземат активно учество на првото премиерно издание на Стрип Трип, кое искрено се надеваме ќе прерасне во богата и долгогодишна традиција, како што личи на еден сериозен, возобновен и етаблиран град, соопшти МКЦ.
Фестивалот е финансиски поддржан од Град Скопје.