ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Законот за ЈО ќе овозможи сите граѓани да бидат еднакви пред правдата

Ако една од клучните работи е борбата против криминалот и корупцијата, едно од клучните барања на ЕУ во сите извештаи до сега е дека треба да ги јакнеме капацитетите тоа е повеќе од потребно овој закон мораше да биде донесен, вели Спасовски во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24

February 16, 2020 20:30
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски вели дека донесувањето на Законот за Јавно обвинителство не е услов за почеток на преговори на земјава во Европската Унија, но оти тоа е позитивен аргумент за да се види напредок во реформските процеси. Со овој закон, како што рече, ќе се овозможи воспоставување на правната држава и ќе се обезбеди еднаквост пред правдата за сите граѓани.

-Ако една од клучните работи е борбата против криминалот и корупцијата, едно од клучните барања на ЕУ во сите извештаи до сега е дека треба да ги јакнеме капацитетите тоа е повеќе од потребно овој закон мораше да биде донесен, вели Спасовски во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24.

Тој додава дека во Законот за ЈО може да се види дека нема простор за никакви скриени амнестии, заштита на било кој, туку, како што вели, напротив се отвора чиста позиција на ЈО да води постапки за секој еден криминал што ќе биде направен.

Во врска со измените што беа направени пред неговото донесување премиерот Спасовски вели дека тие биле направени за да се подобри текстот, а не да се направиме состојба во која што некој ќе биде амнестиран или во која ќе се создадат услови некој да не одговара за некое кривично дело.

– И тоа е разликата помеѓу оваа Влада, односно парламентарното мнозинство и парламентарната опозиција. Барањето на парламентарната опозиција беше да се овозможи преку овој закон одредени функционери за коишто се водат постапки практично да се затворат нивните постапки и на тој начин да нема одговорност. Тука е тоа клучната разлика заради тоа премногу време потрошивме, изгубивме на креирањето на овој законски текст, меѓутоа сметавме дека нема можност за отстапување и за приговори кога се работи за  борбата против криминал, рече премиерот Спасовски.

Тој вели дека во сите земји се случува некои претставници на институциите или на власта да се вмешаат во криминал, но оти клучно прашање е дали тој за тоа ќе одговара и колку државата е подготвена да се бори со криминалот и корупцијата.

Next Post

Мицкоски повикува на чесност и честитост

НАЈНОВО

Фото генерирано со ВИ

Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

October 31, 2025

Возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот е приведен

October 31, 2025

Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk