Поранешниот претседател на Бразил Жаир Болсонаро утре ќе се појави пред Врховниот суд во Бразилија.
Тој е обвинет дека ја злоупотребил својата положба кога поканил странски амбасадори во Бразил и изнесувал неосновани тврдења за закани за гласачкиот систем.
Доколку Болсонаро го загуби случајот пред Врховниот суд, би можела да му биде забранета политичка активност и да се кандидира за политичка функција до 2030 година.
Против Болсонаро се покренати повеќе кривични истраги, кои би можеле да завршат со судски постапки и изрекување затворска казна.
Адвокатот на Болсонаро рече дека доколку судот го прогласи неговиот клиент за виновен, ќе следи жалба и додаде дека доказите против поранешниот претседател се „слаби“.