„Само една и пол година откако ДПМНЕ ја презеде локалната власт во главниот град, Скопје тоне на секое поле. Наместо да се развива, Скопје со ДПМНЕ и Арсовска назадува“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.
„Последниот скандал е поврзан со Зоолошката градина, која во времето на СДСМ доживеа неверојатен развој и успешно се менаџираше.
Тоа што беше оставено, едно прекрасно катче за најмладите, но и за сите скопјани, ДПМНЕ го растура.
Со ДПМНЕ, наместо развој, Зоолошката градина се соочува со низа проблеми, а последно е тоа што го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини.
Причината е неисполнување на договорите и нереализираните проекти.
Секогаш кога ДПМНЕ ќе добие власт, ова се случува – пропаѓање, нерезлизирани проекти, назадување.
Пропадна шансата за членство во престижната асоцијација, цел на која се работеше со години, а сегашната состојба значи губење на сериозна финансиска поддршка и спречување на нејзиниот развој.
Исфрлањето како член кандидат значи дека немаме право да аплицираме во наредните осум години и не смееме да соработуваме со ниту една зоолошка градина.
Најголема штета е што со влез на Скопје во ЕАЗА, зоолошката ќе беше независна од буџетот на Град Скопје и ќе се градеа нови проекти.
Тоа е вистинското лице на најнеспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје, на чело со градоначалничка којашто ја промовираа и за која ги убедуваа скопјани да гласаат.
Нема реализација на ниту еден проект повеќе од една и пол година. Нема бесплатен јавен превоз, нема нови 250 екоавтобуси, нема нови мегапаркови, а наследените проекти, како што се Универзална сала, мостот на булевар АСНОМ, БРТ не се релизираат.
ДПМНЕ не можат ниту една зоолошка градина да менаџираат и да ја внесат во ЕАЗА, а камоли да направат нешто повеќе“, порача таа.