ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Недовршена eманципација

June 26, 2023 08:27
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: АНА ЧУПЕСКА

Според Роза Луксембург, на малите народи треба да им се даде полн суверенитет – САМО АКО (!) во нивната нова држава доминантни станат ПРОГРЕСИВНИТЕ сили.

Така ја толкува Жижек.

И, не е далеку од вистината. Ќе се сложам и со Розето и со Славојчо. Но, дали во нашиот контекст ова е возможно? Или, какви се проспектите на прогресивниот свет тука, во услови на сериозен отпор од конзервативната и анахроната платформа? Посебно, кон конечното македонско заокружување на политичкиот субјективитет и идентитет, секако, преку суштествено разликување меѓу Македонците и Бугарите, и особено во перспектива на демократските вредности и ЕУ! Можноста за прославување и меѓународна верификација на нашиот специфичен мултикултурен реалитет – да го види светлото на денот, исто така треба да е дел од тоа препознавање на оваа наша “нова” држава.

Но, повторно, на линија на Роза Лукс, за ова, потребно е да издоминират прогресивните сили…

Од другата страна, во новата македонска држава, отпорот спрема прогресот е една тооолку досадна и назадна константа, а на неа впрочем се темели и вмровската доктрина. Денес, таа е подржана од свесно искреирани полувистини кои многу лесно му се продаваат и на “константното” и реално-постоечкото нивно гласачко тело. Тоа тело, без субјективност, пробува преку отпорот кон прогресот, да го отелотвори фактичкиот развоен застој на својата либидинална економија (или економијата на задоволство по Жижек). Така, свесно се креира состојба на ѓомити субјект – кој сè уште тоа не е (иако пред нос ја има можност за постанување ( becoming) субјект! и отпорот кон прогресот им се чини како единствениот можен спас од сопствената тажна безживотност.

Само се обидувам да разберам зошто е ова вака, и зошто наместо со брз воз се движиме со запрежна кола, која ја влечат липсани, изгладнети и дезориентирани коњи. Убедена сум дека не треба да не чуди што се толку контрадикторни и дисоцијативни, тука причините се многу длабоки и многу лични!

Со путер на главата, што ли преостaнува освен да се пружи отпор кон иднината – и да се чмае задлабочен и утабан во тиња.

Сепак, ова разбирање, во никој случај не може да ги ослободи од одговорност, во врска со своето насилно минато и контроверзни позиции, дури и подлабоко во историска смисла ( на ВМРО, мислам пред сè). Од овде, ќе сфатиме и тоа дека не можат и не сакаат ни да го преживеат отворено соочувањето со сопственото насилно минато. Значи, ем не можат, ем не сакаат.

И уште нешто, дури и да се вистински анкетите за водство на конзервативниот отпор кон прогресот, демократските избори никогаш не се ниту биле платформа која ја одразуваат вистината per se, туку, како што вели Жижек, тие ја одразуваат доминантната докса (и хегемонистичката идеологија).

И затоа, бомбардирањето со рејтинзи треба да се земе и со голема доза на сериозност, но и со уште поголема доза на претпазливост, истовремено. Сериозноста значи да сфатиме како тоа ние (еве да субјективизирам, дозволете) прогресивните, не успеавме да етаблираме една поширока еманципација? И зошто?

За ова, одговорноста пред сè е наша! Но, одговорноста е и на политичките фактори кои нè преставуваат – а кои не ретко се без реално чувство и политичарка визија, одговорност пред идните генерации, и со својата кусогледост ја билдаат својата популистичка улога, која на крај има сериозни шанси да не проголта сите заедно. Во ова несомнено вмровците водат. Но, воделе или не, задачата за поширока еманципација заради прогресот останува недовршена, а со тоа недовршена е и македонската “нова” држава – како држава на прогресот.

Второ, претпазливоста околу рејтинзите е врзана со нужната доза на резерва која мора да ја имаме и која е неминовна во услови на засилена корпоративната логика која стои позади анкетите и проблематичните примероци врз кои е базирана “опсежната” анализа ( секогаш иљадарка …плус минус ) од кои повеќе од 45% не го кажале своето мислење.

Другарчиња, да не се лажеме.

И од анкетите и од анкетираните имаме корист колку Скопскиот аеродром од декемвриските магли.


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од Либертас.мк
Next Post

Санкционирани 251 возачи во Скопје, 136 за брзо возење

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk