ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски во Свети Николе: Доделивме над 60 решенија за набавка на трактори

June 26, 2023 12:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и со директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски во Свети Николе ги доделија решенијата за набавка на трактори на 60 земјоделци од овој крај. Премиерот Ковачевски во своето обраќање истакна дека ова е дел од вкупно одобрените 730 решенија за државна финансиска поддршка на земјоделци, за набавка на трактори. Вакви решенија веќе се доделени во Битола и во Прилеп.

„Распишаните четири јавни повици минатата година, меѓу кои и за поддршка при набавка на трактори, имаат рекордна заинтересираност досега. За нас ова значи доверба на земјоделците во искрените заложби на Владата да ја помогнеме и унапредиме земјоделската дејност, преку сите механизми што ни се на располаѓање. Тоа е поддршката преку државниот буџет, како и преку ИПАРД програмите, преку коишто создаваме современо, модерно, профитабилно, конкурентно, македонско земјоделство. Државната финасиската поддршка на земјоделците, во овој случај, за набавка на трактори, е во форма на кофинасирање, до 75 проценти од вредноста на тракторот. Но, слушајки ги сугестиите на земјоделците од теренот, годинава креиравме и нова мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството. Преку отворен јавен повик, земјоделецот има можност да добие поддршка до 10.000 евра за модернизација на своето производство, одбирајќи сам во што и кога ќе инвестира. Преку одговорниот пристап на работа на Владата, којашто за прв пат од независноста на државата, го постави земјоделството, заедно со енергетиката, каде што му е местото, меѓу приоритетните развојни дејности, постигнавме и низа конкретни резултати” , изјави премиерот Ковачевски.

Министерот Николовски на настанот зборуваше за поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за модернизација на македонското земјоделство.

„Пред нас како министерство и Влада, сите овие години, си имаме поставено јасна цел, модернизација и развој на македонското земјоделство. Посветно работиме сите овие години во реализација на оваа наша поставена цел. Креирајќи конкретни мерки за поддршка на земјоделците, да го модернизираат своето производство.

Модернизацијата на македонското земјоделство покрај овој повик за набавка на трактори ја реализираме и преку поддршката за набавка на силоси, потоа преку поддршката во изградба на мандри, поддршка за набавка на опрема за производство на тутун, набавка на специјализирани комбајни и сушари за ориз, или системи капка по капка”, изјави Николовски.

На настанот на кој присуствуваа земјоделци и претставници на домашните добавувачи на земјоделска механизација, директорот Бачовски информираше за спроведената постапка по однос на мерката.

„Преку овие настани, денес во Свети Николе, а претходно во Битола и Прилеп, доделуваме финансиската поддршка во вид на решенија за 730 земјоделци. За оваа поддршка беа обезбедени 500 милиони денари од програмата за рурален развој. Агенцијата во изминатиот период активно работеше на спроведување на програмите за директни плаќања и исплата на субвенциите, реализацијата на интервентниот фонд како и на подготовките за новиот ИПАРД 3 програмски период кој доаѓа како нова можност за модернизација на земјоделските стопанства, преработувачките капацитети и руралните средини”, истакна Бачовски.

Tags: КовачевскиСвети Николетрактори
Next Post

Земјотрес со јачина од 4,18 степени регистриран во Албанија

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk