ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Предизвиците со кои се соочуваме ги решаваме преку дијалог

July 3, 2023 11:14
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејановски како и со дел од вработените во Центрите за социјална работа. Средбата беше одржана во пресрет на утрешниот најавен протест од страна на синдикатот. Фокусот на разговорите на средбата беше во насока на барањата за покачување на платите на вработените, регресот за годишен одмор како и бенефицираниот стаж.
 
Тренчевска на средбата посочи дека синдикатот е веќе информиран дека за барањата кои повторно се тема на дијалог, односно покачувањето на платата и регресот се веќе прашања на кои се работи. Таа истакна дека со измена на законот во основната плата ќе влезе и минималната плата, додека пак во однос на прашањето за регресот за годишен одмор веќе е дискутирано дека оваа година ќе има исплата.
 
Исто така Тренчевска информираше и за работата на Проектот за администрирање на социјалното осигурување каде што е предвидено во рамки проектот да се изготви решение за бенефицираниот стаж и дека и тоа треба да биде реализирано.
 
На крајот од средбата министерката истакна дека протестите се легитимно право, но дека предизвиците се решаваат само преку дијалог. Таа посочи дека интересот на вработените во системот за социјална заштита за неа е приоритет. Министерката рече дека секогаш е подготвена да ги сослуша барањата на работниците и дека само преку дијалог може да се дојде до вистинско решение.
Tags: МТСПТренчевска
Next Post

Атлетите од специјална олимпијада – С. Македонија со освоени 5 медали

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk