ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Ковачевски: За 27 семејства од Свети Николе обезбедивме дом и им помогнавме да си го решат егзистенцијалното и генерациско прашање

July 7, 2023 13:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Свети Николе посети 27 семејства на кои им беа доделени од државата социјални станови за домување. Премиерот Ковачевски, социјалните станови ги додели заедно со Зоран Ѓоргијев, директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката. Во своето обраќање, претседателот на Владата Ковачевски ја истакна посветеноста на Владата во грижата кон најранливите во нашето општество, за граѓаните на кои државата треба да им помогне со механизмите за солидарност.

„Јас се залагам за креирање на системски решенија кои даваат резултати на долг рок. Тоа беше и појдовната точка кога ја правевме и новата методологија за усогласување на пензиите и платите, и благодарение на тоа имаме и зголемена минимална плата, зголемени пензии, тие постојано ќе растат. На тој начин сега преговараме и со синдикатите за зголемување на сите плати за да се направи едно одржливо решение кое ќе биде на задоволство на сите. Така изградивме систем на социјална заштита што ќе одговори на предизвиците со кои се соочуваат најранливите категории на граѓани. Обезбедивме средства за редовна исплата на правата од социјална и детска заштита и дополнителна финансиска поддршка. Владата креираше неколку пакети антикризни мерки, со кои ги поддржавме ранливите категории на граѓани, потоа млади-студенти и средношколци, невработени лица и лица со минимална плата. Само за неколку години социјалната помош ја зголемивме за над 300%”, рече премиерот.

Директорот Ѓоргијев кажа дека објектот е прв од ваков тип во градот. Располага со 48 станбени единици со површина од 35 – 47 м2 и 48 подрумски простории со површина од 5 – 7м2. Објектот се состои од приземје, четири ката и поткровје. Станбените единици на приземјето се прилагодени за лица со телесен инвалидитет.

“Вкупната инвестиција изнесува приближно 85.000.000,00 денари.

Нашите цели се секогаш во насока да обезбедиме поквалитетен и достоинствен живот на социјално најранливите категории на граѓани. Ги подобруваме и условите за стопанисување во постојните станбени згради и станови и го поттикнуваме развојот и изградбата на инфраструктурата за домување, учествуваме во изградбата, реновирањето и одржувањето на становите за непрофитно домување и инвестициско и тековно одржување на станбениот и деловниот простор”, изјави Ѓоргијев.

Премиерот Ковачевски истакна дека со буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2023 година, Владата обезбеди достапност на социјалните услуги, но и зголемување на материјалните права на пензионерите и граѓаните кои се дел од системот за социјална заштита.

Tags: КовачевскиСвети НиколеСоцијални домови
Next Post

На „Миле ми текна“ му се случувало „неправда“, кажа Мицкоски

Shortcut

Најново

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

Албанија ја врати легалната индустрија, Македонија сака да ја затвори

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk