ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Австрискиот амбасадор пратил писмо до Владата, барал исклучок за австриските коцкарници

July 7, 2023 23:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Австрискиот амбасадор во Северна Македонија, Георг Вуцас, интервенирал против зголемената заштита на играчите на игри на среќа, која треба подобро да ги заштити децата и младите. Според австрискиот медиум Ö1 и платформата Zackzack, Вуцас побарал исклучоци за „Казинос Австрија“ и „Новоматик“. Министерството за надворешни работи на Австрија се оградило од оваа информација, но критичарите во таа земја, според медиумите,  тоа го сметале за „специјален скандал“, пренесува Независен.

 

Утринскиот журнал Ö1 и Zackzack во четвртокот објавија за писмото од Вуцас до македонскиот премиер Димитар Ковачевски и други пратеници. Во него се вели дека повикал на исклучоци од планираните ограничувања за австриските компании во февруари.

 

„Овие компании – ‘Казинос Австрија’ и ‘Новоматик’ – ме уверуваат дека обезбедуваат највисок стандард на заштита на играчите, како што е вообичаено во Австрија и ЕУ“, напишал Вуцас, според Ö1. „Би бил многу благодарен ако Владата ги повлече предложените измени или ги ослободи странските инвестиции“, се вели во него.

 

Во Северна Македонија, пишуваат овие медиуми, владата сака да го ограничи коцкањето и да ја зголеми заштитата на играчите. Владата во Скопје планира заштитна зона од 500 метри околу училиштата. Во оваа област не треба да се дозволуваат обложувалници. Планираното заострување со месеци е заглавено во македонскиот парламент. Вуцас повикал на исклучоци за локациите што работат со странски капитал. Во случај на неисполнување на барањето Вуцас се заканил со „голема штета на Северна Македонија како деловна локација“ и зборувал за „барања за отштета во износ од стотици милиони евра“.

 

Министерството за надворешни работи, според овие медиуми, се оградило од Вуцас во појаснувањето испратено во четвртокот. Од таму изјавиле дека обидите за интервенција не биле  договорени со Виена. И Министерството за надворешни работи, наводно, се залага за силна заштита на играчите. Вуцас веќе бил предупреден дека наскоро рутински ќе биде префрлен во Виена. Тогаш тој „нема да има повеќе допирни точки со Северна Македонија или со економската дипломатија“, пишуваат австриските медиуми.

Не е првпат Вуцас да се спротивставува со македонските власти околу австриските бизнис интереси. Во писмото на крајот на јуни, Вуцас остро го критикуваше судството дека не ѝ овозможило на земјоделската компанија АММА Хоенемс да наплати долг од 4,5 милиони евра од две македонски компании.

„Новоматик“ во четвртокот соопштил за медиумите дека никогаш не влијаеле на дипломатот. Но, портпаролот на „Казинос Австрија“, Патрик Минар, за Ö1-Mittagsjournal рекол дека е легитимно „да се користи дипломатската служба за застапување на легитимните деловни интереси на австриските компании во странство“. Бил остварен контакт со Вуцас бидејќи предложената легислатива го загрозила целиот бизнис модел. „Економското работење веќе нема да биде возможно кога законот ќе стапи во сила“, рече Минар.

Во понатамошното соопштение, „Казинос Австрија“ наведува дека треба во принцип да се наведе дека застапувањето на легитимните интереси на компаниите во странство од официјални претставници на земјата е основна задача на дипломатската служба. Во Северна Македонија, како помлад партнер на државната лотарија, особено е задача на „Казинос Австрија“ да „придонесе со нашата меѓународно призната експертиза за ефикасна заштита на играчите“. Беше направен обид преку амбасадорот да се реши суштински проблем, порачале од компанијата.

„Ова беше прв обид да се вклучат во размена со политичките носители на одлуки со цел да се зборува за негативните ефекти од предложеното законодавство. Затоа, во никој случај не станува збор за спречување на важни мерки за заштита на играчите, бидејќи никогаш не постоела ситуација во која може да се разговара за конкретни поединечни точки од предложеното законодавство“, порачале од компанијата.

Емил Брикс, директорот на Дипломатската академија во Виена, во Ö1-Mittagsjournal рече дека лобирањето „секако не припаѓа во областите на одговорност на австрискиот амбасадор во странство“. Се разбира, треба да се работи во интерес на австриски компании, но „само во рамките на уставниот систем“, рекол долгогодишниот дипломат, кој меѓу другото работеше како амбасадор во Лондон и Москва.

Портпаролката за надворешна политика на Зелените, Ева Ернст-Џиџиќ, во емисија го опиша инцидентот како „специјален скандал“.

„Таквото однесување на највисокиот дипломатски претставник на Република Австрија во секој случај масовно ќе го наруши угледот на нашата земја во странство“, рече Ернст-Џиџиќ. Таа сака да постави пратеничко прашање до министерот за надворешни работи Александар Шаленберг од десничарската АВП.

Шефот на делегацијата на социјалдемократите во ЕУ, Андреас Шидер, зазеде сличен став.

„Инцидентот ја нарушува улогата на Австрија како посредник во Западен Балкан и тежи двојно повеќе во оваа клучна фаза од процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ (…). Она што звучи како заканувачки писмо од бордот на директори на групата се зборовите на највисокиот претставник на Австрија во Скопје. Писмото на Георг Вуцас е проблематично доколку тој всушност бил коцкарски лобист, на крајот на краиштата, тој интервенира со сета сериозност против заштитата од коцкање во зона околу градинките и училиштата“, рече Шидер.

„Фактот што Министерството за надворешни работи се оградува од обидите на австрискиот амбасадор да интервенира во Северна Македонија не е доволен, но тоа не е крајот на приказната“, рече Стефани Криспер, портпаролка за внатрешни работи на партијата Неос. Таа побара што поскоро расчистување на инцидентот. „Бараме целосно разјаснување од министерот за надворешни работи. Сакаме да знаеме дали амбасадорот дејствувал сам и ако не, во чие име дејствувал“, порачала таа.

Извор: Независен

Next Post
Фото: МИА

Бесими: Треба уште некои финеси да се дефинираат со синдикатите

Најново

Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис за 8 мај 2026: Иновација, слобода и рушење на правилата

May 8, 2026

ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

May 7, 2026
Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

ИРЛ категорично ги отфрли обвинувањата за договорот со МРТВ: Станува збор за координиран напад врз истражувачкото новинарство

May 7, 2026
Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk