Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го казни градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски со 90.000 евра за исфрлање на ѓубрето пред „Дрисла“.
По тој повод, Ѓорѓиевски закажа прес-конференција.
„Согласно последните случувања поврзани со отпадот и денешната информација дека е пишана казна за градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вредност од речиси 90 000 евра поради непрописно одлагање на наталожениот отпад собран од улиците во општина Кисела Вода, утре, среда, 12.07.2023 год., со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес конференција“, информираат од Општина Кисела Вода.