ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Партијата на „вечерта на ножевите“ била отворена за коалиција

Партијата на Мицкоски чии поддржувачи до бесознание го претепа Зијадин Села била спремна за коалиции. Партијата чиј тогаш претседател на  Парламент Трајко Велјановски, кој се обиде да ги скрие снимките и да ја избрише архивата од „крвавиот четврток“ каде хулиганите раководени од нивната врхушка беа спремни да убиваат, е тие истите сега биле спремни да коалицира со Алијансата на Албанците. За што ги смета овој Мицкоски своите сограѓани?

March 10, 2020 10:55
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Бидни и тоа – Мицкоски заедно со Александар (оној со обравчињата, нека ми прости заборавам му презимето), беше на рапорт во Будимпешта кај паторонот за да ги дефинираат пратеничките листи кои како што најави дека треба да ги објави денес. И тука нема ништо спорно во тоа Мицковски да се сретне со Груевски, кога овој си го остави за наследник да му грее претседателско место. Нема ама ни малку спорно и тоа што се сретна и со Орбан, впрочем тоа е баш позитивно. Но зошто се крие дека бил на поклонение кога сите тоа од него и го очекувавме навистина останува нејасно.

Друга димензија е и таа што Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека биле отворени за постизборно коалицирање со апсолутно сите политички партии.

Е. тоа, за разлика од „поклонението“ е веќе многу интересна работа.

Партијата на „вечерта на долгите ножеви“ од Валентина Божиновска, партијата на „За уши, циган по циган ќе ги вадиме“ и „Племето“ од Гордана Јанкуловска била спремна да коалицира со сите партии на претстојните избори. Партијата на „Миле, тоа со динимит, да не ја тупиме многу“, партијата на „Два-три шамари ама јаки“, партијата на „Кажи му дека он, жената, децата, све у ендек ќе ги најдат… Мајката да им ја ебам јас нивна комунистичка нивна педерска!“, ете таа партија имала желба да коалицира со други партии.

Партијата на Мицкоски чии поддржувачи до бесознание го претепа Зијадин Села била спремна за коалиции. Партијата чиј тогаш претседател на  Парламент Трајко Велјановски, кој се обиде да ги скрие снимките и да ја избрише архивата од „крвавиот четврток“ каде хулиганите раководени од нивната врхушка беа спремни да убиваат, е тие истите сега биле спремни да коалицира со Алијансата на Албанците.

За што ги смета овој Мицкоски своите сограѓани?

Да го потсетам Мицкоски советникот и генерален секретар на Грујоски, на што алудираше театралната Божиновска кога во воинствен занес на тој 15 декември 2016 година пред ДИК се закануваше кон неистомислениците:

„Ноќта на долгите ножеви“ Мицкоски Христијане, е операција што се одвивала во Германија од 30 јуни до 2 јули 1934, кога нацистичкиот режим се погрижил најмалку осумдесет и пет луѓе да бидат убиени од политички причини.  Во операцијата позната и како „Колибри“, најмалку 85 лица беа убиени, а илјадници завршија в затвор со асистенција на единиците на злогласниот СС, Гестапо и на тајната полиција.

Во тие неколку ноќи Хитлер ги активираше одредите за егзекуција и ја изврши чистката која го промовираше како врховен судија на германскиот народ, ја стави војската под целосна контрола и му ја зголеми популарноста кај средната класа која бараше „ред и закон“.

Ете на тоа ова ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски е спремно драги мои.

Апелот дека е можна коалиција со сите партии да си го мрмориш во ѕидините од Белата палата со кристалните раскошни лустери и тешките таписерии. Можеш да си беседиш пред публиката од остатоците од криминалното здружение колку што сакаш, можете оваа мантра да ја трубите преку платените медиуми финансирани со црни пари што сеат лажни вести и говор на омраза колку што сакате, но на овој народ, во оваа Македонија, на овие граѓани кои ја видоа а богами и го осетија на свои плеќи вмровскиот соживот, е ним/нам Христијане, немаш право да нè повикуваш и да бараш коалиции со други. Има да си останите сами со криминално стекнатиот  имотот од најбогатат партија во Европа а сега веќе до гуша со долгови, има да се скукалчите во раскошот од вашата палата изградена со лоповски прибраните проценти. На овој 12 април што доаѓа,  ќе останете во очај вие грст поданици што уште се шлепате на оставшината од бегалецот од Будимпешта.

На каков „гнев македонски“ и на каков коалициски „нож“ сте спремни да ги пречекате овој пат евентуалните коалициони партнери „црни“ Христијане Мицкоски?

Next Post
POPE-AUDIENCE-NAME

Папата Франциск: Свештениците да имаат храброст и да ги посетат заболените од корона вирус

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk