Најмалку 20 лица загинаа, меѓу кои пет деца, во лизгање на земјиште во Колумбија, соопштија локалните власти.
Девет лица се водат како исчезнати, а шест лица се повредени, соопшти локалната противпожарната бригада. Според надлежните, оштетени се 29 куќи, неколку патишта и снабдувањето со електрична енергија и вода.
Во погодената општина Кветаме, 50 километри југоисточно од главниот град Богота, и денеска продолжува потрагата по преживеани, соопшти управата за цивилна заштита.
Обилните дождови во Кветаме предизвикаа излевање на неколку потоци и реки кои ја поплавија планинската област.