ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Не е важно што кажуваат Радев и Ескобар, туку што ќе сработите тука, вели Агелер

July 20, 2023 14:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Ангела Агелер

Ангела Агелер

Не сум разговарала ниту со Ескобар по неговото излагање, ниту со Радев, но не е важно да се фокусираме толку на тоа што тие го кажуваат, тука на тоа што е направено тука, бидејќи на крајот на денот, ако луѓето тука се посветени на ЕУ не е важно што велат Габриел или Радев, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер, одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Амбасадата на САД во Скопје.

На прашањето на МИА да даде коментар на последната изјави на специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар во која тој најавува ангажаман со новата бугарска Влада за да се спречат натамошни блокади на интеграцијата на земјава во ЕУ и на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени се само првиот чекор од низата барања кои понатаму ќе следат, Агелер истакна дека она што е важно за граѓаните и за евроинтегративниот процес е државата да се фокусира на тоа што таа треба да го стори на тој пат.

– Иако многу работи се кажуваат во оваа земја, во Бугарија, во останатите земји од регионот, сепак, сите сакаат да ја видат земјава да се движи кон членство во ЕУ, рече Агелер.

Таа нагласи дека Ескобар одржува интензивни контакти и зборува со сите чинители во процесот тука и оти неговата најголема надеж е дека Северна Македонија и региониот прават се што можат за да се движат кон европските и евроатлантските интеграции.

Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел вчера во дебатата за Западен Балкан пред Поткомитетот за надворешна политика на Конгресот на САД, кажа дека Вашингтон го поддржува процесот за уставни измени што треба да го овозможи пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, а е ангажиран и со новата Влада на Бугарија за да се осигура дека нема да поставува нови барања.

– За да ги унапреди своите аспирации за ЕУ, Владата на Северна Македонија е посветена да се спроведат уставни измени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, а исто така сме ангажирани со новата влада на Бугарија за да се осигураме дека нема да поставува нови барања откако Северна Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори, рече Ескобар.

Бугарскиот претсдеател Радев, пак, вчера во коментар за предложените измените на Уставот на Северна Македонија, кажа дека тоа е првиот многу важен и задолжителен чекор, но не и последниот.

– Од исклучителна важност е исполнувањето на барањата во двата потпишани протокола, кои се составен дел од преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Конечно дојде да се придвижи прашањето за гарантирање на уставната рамноправност на Бугарите во Република Северна Македонија, рече Радев.

Tags: АгелерЕскобарМакедонијаРадев
Next Post

Приведено лице поради напад на новинарска екипа во Росоман

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk