ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба Тренчевска- Селаковиќ: Преку размена на искуства ги унапредуваме системите за социјална заштита, вработување и можности за сите граѓани

July 20, 2023 14:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска официјалната посета на Република Србија ја започна со билатерална средба со министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања, Никола Селаковиќ.

По средбата министерката Тренчевска во изјава за медиуми ја потврди заложбата на двете земји за унапредување на системите за социјална заштита како клучни кои обезбедуваат заштита и поддршка на граѓаните во двете земји.

Таа се осврна на социјалната реформа  започната во 2019 година која ја наметна потребата за развој на ново софтверско решение кое ќе овозможи полесен пристап до правата и услугите.

„Размената на искуства, учењето од позитивните примери за развој на дигитален систем за остварување на правата од социјална заштита се клучни за продлабочување на нашата идна соработка,” рече Тренчевска.

Таа посочи дека, системот кој периодов интензивно се развива во Република Северна Македонија, дигитализацијата која како предизвик претстои, посебно во доближување на услугите до сите граѓани се алатки кои гарантираат унапредување на квалитетот на животот и поддршка на ранливите категории на граѓани.  Како и дека  на овој начин се овозможува полесна интеграција во општеството и можност за сите граѓани.

Министерката  посочи дека токму заедничките акции и чекорите кои се  преземаат како земји на патот кон Европската интеграција проткаени се и во иницијативата Отворен Балкан.

Преку регионалната иницијатива Отворен Балкан, државите се поврзуваат со цел развој на нивните  економии, се постигнува заеднички регионален и единствен пазар без ограничувања, без бариери, без граници и неговиот долгорочен развој  придонесува за подобар живот за сите граѓани. Отворен Балкан е засилувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.

Од страна на Министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања Селаковиќ, беше иницирано потпишување на Меморандум за соработка во областа на вработување и социјална заштита помеѓу двете министерства.

Двајцата министри ја потенцираа важноста за соработката и нејзиното продлабочување во иднина, од која ќе произлезат директни придобивки за граѓаните на двете држави.

Од страна на Министерството за труд, вработување, боречки и социјални прашања беше организирана и презентација на новиот софтвер -Систем за заштита и дигитализација на инструментите за социјална заштита (СОЗИС), кој што е наменет за работа на центрите за социјална работа и системот – Социјална карта.

Целта на креирањето на Социјална карта е се придонесе за поправедно остварување на социјалните права на граѓаните врз основа на нивниот социјален и економски статус, зголемување на ефикасноста во областа на социјалната заштита.

Ваквиот начин на функционирање ќе им овозможи на граѓаните побрзо и полесно остварување на правата, но и спречување од потенцијална злоупотреба на системот.

Размената на искуства помеѓу двете пријателски држави ќе придонесе за унапредување на системите за социјална заштита.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МакедонијаСелаковиќСрбијаТренчевска
Next Post
Picture: Georges Boulougouris

Потпретседателот на ЕК, Тимерманс побара да биде кандидат за премиер на Холандија

НАЈНОВО

СДСМ: Во кое својство Орце Ѓорѓиевски го отвори Скопскиот маратон?

October 5, 2025
ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

October 5, 2025

Меџити и архитектот Бајрам Вардар го претставија Мастер планот за Чаир

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk