ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Агелер го одврза јазолот, клопчето почнува да се одмотува

July 24, 2023 15:55
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Ангела Агелер

Ангела Агелер

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Американското Министерство за финансии го означи Јордан „Орце“ Камчев на црната листа на САД поради корупција, поткуп, перење пари и други кривични дела, твитна американската амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер  на19 јули по одлуката со која Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) назначи едно лице, Јордан „Орце“ Камчев, корумпиран бизнисмен во Северна Македонија, во согласност со Извршната наредба (E.O.) 14033.

Овие санкции не влијаат само врз поседувањата и имотот на г-дин Камчев, туку и врз оние кои имаат бизнис со него. САД ќе продолжат да таргетираат корумпирани поединци кои што го поткопуваат владеењето на правото и стабилноста на Северна Македонија. Корупцијата има последици“, нагласи Амбасадорката  Агелер во својата Твитер објава.

Ставањето на црната листа само ја потврди одавна познатата јавна тајна која ја знаеја сите во земјава, но не смееја за тоа јавно да говорат.

САД и предходно означувале лица, државјани на Македонија на црната листа. Она што случајот со Јордан Камчев го прави поразличен од предходните, може да се согледа во изјавите на американската амбасадорка која ги даваше наредните денови по одлуката на Американското Министерство за финансии.

Агелер во изјавите јасно посочи дека во Вашингтон си ја завршиле својата задача и јасно стави до знаење дека САД можат и ќе продолжат да ги користат сите алатки што им се на располагање за да ги повикаат на одговорност оние поединци и организации чии криминални активности ги поткопуваат безбедноста стабилноста и вредностите на доброто владеење на Северна Македонијаи и дека сега топката е кај надлежните македонски органи и институции којтреба да постапат без оглед на позицијата, политичката припадност или времето на злоупотребите.

-На надлежните за спроведување на законите, на правосудството, на останатите владини претставници е да преземат натамошни активности и тоа е до нив и нивните одлуки треба да се базираат на законите во Северна Македонија, рече Агелер. САД, согласно законите, целосно се заложуваат за одговорност, без разлика дали овие поместувања доаѓаат од Стејт департментот, Министерството за финансии, трговијата или други институции на нашата влада.

Поддршката е дадена, и сега е време да се  преземе тоа што веќе одавна требаше да биде завршено, и од декларативна поддршка на борбата против корупцијата во земјава , да се предјде на дела. Со завршница.

Втората поента од излагањето на Агелер, дека црната листа на САД ќе се прошири, и ќе ги опфати соработниците на Камчев во неговите криминални зделки, ги остава без сон повеќе претставници на бизнис секторот, правосудството, позицијата и опозицијата, секој оној што во блиското, но и далечното минато имал некакви сомнителни зделки со македонскиот тајкун. А листата не е мала, и на неа има и неколку политичари, меѓу кои и лидери на партии, кои сега ќе пробуваат на разни начини да  се испазарат за да спасат нешто од тоа што, колку толку ќе можеда се спаси.

И, сосема неочекувано, само еден ден по ваквите изјави на Агелер, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ решија да учествуваат во дебатата за Предлогот за уставни измени на собраниската Комисија за уставни прашања што претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за вторник, 25 јули во 10 часот, на истата онаа дебата за која предходно претседател ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неколкуте членови во врхушката на партијата, објавија дека нема намера да учествува во собраниската дебата, која ја оценија за беспредметна и дека се тоа нивни јасни позиции, од кои нема поместување.

А жешкото лето тукушто започна.

Ставовите се на Авторот. Преземено од ЦИВИЛ.
Tags: АгелерМишев
Next Post

Акција за откривање на диви, нелегални приклучоци и злоупотреба на вода во Сопиште

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk