Дванаесет лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени откако експлодираа петарди складирани во магацин во јужен Тајланд. Петардите предизвикаа пожар во неовластено складиште на пазарот Муно во областа Су-нгаи Колок во јужната провинција Наративат, која граничи со Малезија, изјави гувернерот на Наративат, Санан Фонгаксорн.
Загинаа 10 лица, а пронајдени се и останките на уште две неидентификувани лица кои се испратени на ДНК анализа, истакна Санан.
Тој рече дека 121 лице се повредени, од кои двајца потешко, додека 111 се отпуштени од болница, додавајќи дека „не треба да има повеќе смртни случаи“, пишуваат медиумите.
Повеќе од 200 куќи околу магацинот се оштетени во експлозијата. Мал број луѓе се уште се наоѓаат во засолниште, додека неколку семејства се преселиле во куќите на нивните роднини, нагласи Санан.
Полицијата ги истражува причините за инцидентот, а првичните извештаи укажуваат на грешка при заварување во магацинот.
Г. Т.