ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Пучистите во Нигер веат руски знамиња додека ја напаѓаат француската амбасада, поздравени од шефот на Вагер

На бунтовниците им беше дадена една недела да го вратат соборениот претседател Мохамед Базум или ќе се соочат со санкции и можна употреба на сила од страна на западноафриканскиот регионален блок ЕКОВАС, што ќе го засили притисокот врз заговорниците за соборување.

August 1, 2023 13:48
in PMD, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Skynews

Фото: Skynews

Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници поддржувачи на воената хунта која ја презеде контролата во Нигер со пуч, маршираа низ улиците на главниот град веејќи руски знамиња и осудувајќи ја поранешната колонијална сила Франција.

Демонстрантите во Ниамеј се собраа пред француската амбасада и ги запалија нејзините врати, ја каменуваа зградата и ги запалија знамињата на земјата, пренесува Скај Њуз.

Руската платеничка група „Вагнер“ веќе дејствува во соседно Мали, а нејзиниот шеф Евгениј Пригожин го поздрави пучот како добра вест и ги понуди своите борци.

Шефот на Кремљ Владимир Путин би сакал да го прошири влијанието на неговата земја во регионот, особено откако не ја доби посакуваната поддршка од африканските лидери на Самитот Русија – Африка во Санк Питерсбург, откако поголемиот дел од лидерите на африканските нации избраа да не присуствуваат на на него, при што 38 од 55 земји се одлучија да не испраќаат свои шефови на држави.

Самитот, наменет да го прикаже дипломатскиот притисок на Русија за зголемување на влијанието на континентот, се одвиваше во услови на значителен бојкот: само 17 африкански земји беа претставени од нивните лидери

Сепак, сè уште не е јасно дали новото воено раководство ќе се префрли кон Москва или ќе се обиде да се држи до западните сојузници на Нигер.

Западноафриканскиот регионален блок ECOWAS на вонредниот самит во неделата им даде на бунтовниците една недела да го вратат соборениот претседател Мохамед Базум или ќе се соочат со санкции и можна употреба на сила.

Групата предупреди дека ќе ги преземе „сите неопходни мерки“ за обновување на демократски избраната влада во земјата, додека Африканската унија исто така постави свој ултиматум.

Председателот Базум беше избран пред две години во првиот мирен, демократски трансфер на власта во Нигер по независноста од Франција.

Во петокот , генералот Абдурахаман Тиани се прогласи за нов шеф на државата по военото преземање.

Предупредувајќи против каква било воена интервенција, портпаролот на хунтата, полковник Амаду Абдрамане, рече: „Сакаме уште еднаш да ја потсетиме ЕКОВАС или кој било друг авантурист за нашата цврста решеност да ја браниме нашата татковина“.

Државниот удар во Нигер беше широко осуден од соседите и меѓународните партнери, вклучувајќи ги САД, Обединетите нации, Европската унија и Франција.

Сите тие одбија да ги признаат новите лидери и побараа враќање на избраниот претседател.

Нигер е една од најсиромашните земји во светот, добивајќи близу 2 милијарди американски долари годишно како официјална помош за развој, според Светската банка.

Таа е, исто така, безбедносен партнер на Франција и САД, кои го користат како база за борба против исламистичкиот бунт во поширокиот регион Сахел во Западна и Централна Африка.

Експертите за конфликти велат дека од сите земји во регионот, Нигер е најмногу загрозен доколку се оттргне од Западот, со оглед на милионите долари воена помош што меѓународната заедница ја вложи.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека континуираните безбедносни и економски аранжмани што Нигер ги има со САД зависат од ослободувањето на претседателот  Базум – кој останува во домашен притвор – и „итно обновување на демократскиот поредок во Нигер“.

Франција ја суспендираше сета развојна помош и друга финансиска помош за Нигер.

Во соопштението на Елисеј се вели: „Секој што ќе ги нападне француските државјани, војската, дипломатите или француските интереси ќе поттикне непосреден и бескомпромисен одговор од Франција“.

Во Обединетото Кралство, Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој соопшти дека Британија „на најсилно можно изразување ги осудува обидите да се поткопа демократијата, мирот и стабилноста во Нигер“.

Изјавата продолжува: „Комуникето договорено на Педесет и првиот вонреден самит за општествено-политичката ситуација во Република Нигер, одржан од ECOWAS на 30 јули, дава силен и јасен одговор на ова прекршување на демократските права на народот на Нигер.

„Ние продолжуваме да стоиме на страната на ECOWAS и нивните напори да се обезбеди враќање на демократијата во Нигер“.

Водачите на пучистите рекоа дека го собориле Базум бидејќи тој не бил во можност да ја заштити нацијата од растечкото насилство на џихадистите.

Но, некои аналитичари и Нигеријци тврдат дека ова е само изговор за преземање што е повеќе за внатрешни борби за моќ отколку за безбедноста на нацијата.

Професорот Амад Хасан Бубакар, кој предава на Универзитетот во Ниамеј, рече: „Сите се прашуваат зошто овој удар? Тоа е затоа што никој не го очекуваше.

„Не можевме да очекуваме државен удар во Нигер бидејќи нема социјална, политичка или безбедносна ситуација што би оправдала војската да ја преземе власта.

Подготви: Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: АфрикаЕвгениј ПригожинНигерпучруски знамињафранцуска амбасада
Next Post

Пожар во галијата на Вардар во Скопје

Најново

Фото: Фронтлајн

СДСМ бара итно запирање на сите градежни активности во Кисела Вода по трагедијата на градилиштето во која загина едно лице а 4 се повредени

April 24, 2026

Тошковски од Атина: Заеднички и координиран одговор на криминалот и тероризмот – зајакната соработка со Грција

April 24, 2026

Транспарентен избор или партиска директива? Ристоски на чело на МРТ, Филипче реагира: „Пријател на Мицкоски е директор на јавниот сервис“

April 24, 2026

Филипче: Мицкоски ретерира затоа што министри, пратеници, градоначалници од ВМРО имаат бугарски пасоши

April 24, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

20 години без одлука: 100% воен инвалид без дом, државата знае – не решава

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk