„Денес Републиката има потреба од нова државничка одлука на денешната генерација народни избраници, со што државата и граѓаните ќе продолжат по зацртаниот пат на напредокот. И денес е потребно да се свртиме кон аманетот кој ни го имаат оставено илинденците и аснoмците” рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање за 2 Август на споменикот на слободата „Сила, слава и победа“ на тврдина Кале во Скопје.
Тој додаде дека илинденците и асномците знаеле дека вреди секој направен чекор напред за македонската државност и затоа нивните одлуки нѐ обврзуваат да одиме напред, одлучно и храбро.
“Оваа Влада постапи по аманетот на илинденските и асномците, дека правата се штитат на рамноправен терен. Седнати на иста маса заедно со останатите европски земји и светски сили. И сите кои во следниот период ќе носат важни одлуки за граѓаните и државата, треба да постапат по истиот аманет” рече Ковачевски.
Премиерот рече дека државата ќе ја следи визијата и храброста на илинденците и асномците и ќе градиме европска држава, интегрирана во големото европско семејство, или пак ќе останеме сами и изолирани