Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА
Шакалите се месојадни животни, налик на волците, но помали. Спаѓаат во кучешкото семејството Canidae. Заедно со хиените, за нив се смета дека се големи кукавици, иако некои зоолози сметаат дека тоа е претерано и дека, сепак, може да се каже дека во себе имаат и некоја борбеност. Сепак, ни оддалеку не се храбри.
За да се прехранат, шакалите ги следат лавовите и други поголеми животни и ги глодаат остатоците од скелетите што останале од уловот. Кога ловат, тоа обично го прават под закрила на мракот, ноќе или во самрак.
Некои живеат и сами, но најчесто се среќаваат во мали глутници. Не се силни, иако имаат остри кучешки заби. Како што рековме, ги одликува кукавичлук. Затоа, тие не можат ни да сонуваат да уловат животно поголемо од антилопа или овца. За поголеми животни не можат ни да сонуваат. Чекаат лавовите да ги уловат, а тие да се почестат со лижење на коските и остатоците од мртвите.
Кога е ден, се кријат од светлината да не бидат забележани, се камуфлираат и чекаат да падне мракот, за да се прехранат.
Тоа се шакалите.
Овој текст не е посветен на шакалите во природата. Ги употребив како метафора за шакалите во општеството. Но мислам дека тоа е повеќе од јасно.